Чоколадите Марс се повлечени од 55 светски земји. Каков е случајот со Македонија?

Производителот на чоколада „Марс“, доброволно повлекува дел од својата понуда од германските продавници откако во некои негови производи била пронајдена пластика.Компанијата ги повлекува чоколадите Марс, Сникерс, Милки Веј, Веј минис и Минијатурис, кои што се со датум на истекување меѓу 19 јуни 2016 и 8 јануари 2017 година.
Фирмата „Марс чоколадо“ во својата фабрика во Фирсен произведува околу 10 милиони производи дневно.
„Марс чоколадо“ спроведува доброволно повлекување на чоколадни производи откако во некои од нив беше пронајдена пластика“ , се вели во изјавата на компанијата.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ, дека чоколатцата Марс, Сникерс, Милки веј, Веј минис и Минијатурис се небезбедни.
„Агенцијата е во тек и ги следи информациите за повлекувањето на дел од овие производи од германскиот пазар од страна на компанијата производител, поради појава на пластика во производите“, се вели во соопштението од Агенцијата. Понатаму се додава дека доколку добие нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ дека небезбедни производи од овој производител се наоѓаат на македонскиот пазар, АХВ ќе постапи соодветно и ќе ги отстрани од пазарот.
Франс Прес наведе дека некои производи на Марс се повлечени и во Холандија, Белгија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија.
Американската компанија „Марс“ не наведе со колкава количина на чоколади има проблем.Компанијата ги повлекува чоколадите Марс, Сникерс, Милки Веј, Веј минис и Минијатурис, кои што се со датум на истекување меѓу 19 јуни 2016 и 8 јану

Пронајдете не на следниве мрежи: