Доколку ѝ кажете на некоја стара домаќинка дека може да се направи совшен, сочен чоколаден колач без јајца, млеко и путер, веројатно би се насмевнала в лице. За овој рецепт не ви треба ни сад за мешање, ниту миксер- едноставно сите состојки ставете ги во тавче во кој ќе го печете колачот, измешајте со вилушка и за 15 минути на маса ќе имате превкусен десерт.
Состојки:
1 до ½ шолји брашно
Малку сол
1 лажичка сода бикарбона
3 лажички какао
1 шолја шеќер
1 лажичка оцет
Ванила шеќер
5 лажици масло
1 шолја вода
Растопено чоколадо
Подготовка:
Во тавче во кое ќе го печете десертот помешајте ги сите суви состојки- брано, сол, сода бикарбона, какао и шеќерот. Потоа во мешавината направете три помали длабнатини. Во едната ставете ја водата и ванилата, во другата оцетот, а во третата маслото. Помешајте се добро со вилушка, па ставете да се пече на 180 степени околу 35 минути.
Кога ќе се испече колачот прелејте го со растопено чоколадо (околу 200 гр), и украсете по желба со овошје или шлаг.За овој рецепт не ви треба ни сад за мешање, ниту миксер- едноставно сите состојки ставете ги во тавче во кој ќе го печете колачот, измешајте