„Големите американски медиумски организации постојано го повторуваат како папагали она што претставниците на САД сакаат јавонста да го дознае за глобалните прашања“, рекол историчарот Ноам Чомски за РТ. За властите на САД, оној медиум кој не го повторува американскиот пропаганден систем е недозволив.„Вината на Западот, конкретно на САД, за состојбата во светот, како што е украинскиот конфликт или тензијата со Иран, е уште една од идеите која не е дозволена во главните американски медиуми“, рече Чомски, додавајќи дека ставовите на остатокот од светот не се битни кога се косат со американската стратегија.
„`Западот` е Америка и сите оние коишто стојат зад неа“, рече Чомски и додаде: „Она што во Америка се нарекува Меѓународна заедница, ги подразбира САД и било кој друг кој во тој момент е на нивна страна. Да го земеме како пример прашањето за правото на Иран да продолжи со спроведувањето на својата моментална нуклеарна политика – каква и да е таа. Реченицата која обично се слуша е дека Меѓународната заедница се противи на таа идеја. Кој спаѓа во таа Меѓународна заедница? Тие за кои САД ќе проценат дека треба да спаѓаат таму.“
Тој додаде дека секој оној којшто го читал Џорџ Орвел, совршено добро разбира за што станува збор тука. Но, дека тоа се продолжува, практично без било какви коментари.
Чомски зборуваше на оваа тема непосредно пред сослушувањето во Конгресот кое носеше официјален назив „Соочување со руското претворање на информациите во оружје“. Претседателот на американскиот конгрес Ед Ројс, тогаш рече дека „руските медиуми сега прават раздор во странските општества и дека од информациите прават оружје“.
„Најинтересно е обвинувањето дека Иран го дестабилизира Блискиот исток, бидејќи ги поддржува милитантите кои ги убивале американските војници во Ирак“, му рекол Чомски на новинарот на „Раша тудеј“, Алексеј Јарошевски.
„Тоа е исто како во 1943 година медиумите на нацистичка Германија да ја критикувале Англија за дестабилизација на Европа, бидејќи ги поддржувала партизаните кои ги убивале германските војници. Со други зборови, претпоставката е таква што кога Америка ќе нападне, ќе убие неколку стотици илјади луѓе, ќе уништи земја, предизвика конфликт меѓу сектите кои сега го уништуваат Ирак и регионот. Тука станува збор за стабилизација. Ако некој пружи отпор, тогаш тоа е дестабилизација“.
По повод обидот за затоплување на односите помеѓу САД и Куба, Чомски посочи дека Куба во американските медиуми беше претставена како земја која своеволно се одделила од западната хемисфера, а историските факти тврдат нешто сосема друго. Таа вистина колку и да се трудат да ја прикријат, е добро позната кај историчарите.
Воедно, Чомски за Меѓународното право рече дека тоа може да дотурка до моментот кога „големите сили ќе го дозволат“, инаку вака е бесмислено. Дали тогаш Меѓународното право е илузија на Америка со која таа го бира она што треба да се применува?
„Меѓународното право не може да се применува против големите сили“, рече тој и додаде: „Не постои механизам за негово спроведување. Погледнете го Меѓународниот кривичен суд кој ги гонеше и ги осуди африканските лидери кои не им се допаѓаат на САД. Најголемо злосторство на овој милениум е американската инвазија врз Ирак. Дали Америка може да се доведе да одговара пред Меѓународниот суд? Тоа е и повеќе од непоимливо“.
Чомски наведе дека тн. американски сон и американска демократија доживуваат „сериозен пад“ и дека САД официјално само ја задржуваат фасадата на демократијата, но дека нејзината манифестација е сѐ поретка.
„Претставниците на народот не обрнуваат внимание на јавното мислење. Тука станува збор за три четвртини на дното од скалата на примања. Малку повисоко на скалата се добива поголемо влијание. Политиката се крои на самиот врв од истата скала. Но, тоа е плутократија, а не демократија“.„Вината на Западот, конкретно на САД, за состојбата во светот, како што е украинскиот конфликт или тензијата со Иран, е уште