Чомски: Стратегии за прикриена МАНИПУЛАЦИЈА со народот и создавање кризи

Највлијателниот светски интелектуалец, американскиот лингвист Ноам Чомски, изработи листа на најсилните стратегии за манипулација со народот. Еве некои од нив:-СОЗДАВАЊЕ НА ВЕШТАЧКА КРИЗА: Овој метод се нарекува: „Проблем-реакција-решение“. Треба да се создаде проблем, за дел од јавноста да реагира на него. На пример, предизвикување и пренесување на насилство, зад кое се крие намерата да се сокрие немоќта и да се сруши една социјална држава.
-ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА ВНИМАНИЕТО: Вниманието на јавноста се пренасочува од важните проблеми на неважни, со преплавување од низа неважни информаци.
-ОДЛОЖУВАЊЕ: Уште еден начин за манипулација на народот е одложување на решението на проблемите, и создавање на чувство на „заедничка надеж за заедничка иднина“.
-ЗЛОУПОТРЕБА НА ЕМОЦИИТЕ: Злоупотребата на емоциите е класична техника за манипулација, а функционира така што критичката свест се заменува со емотивни импулси, како бесот и стравот. Злоупотребата на емоциите го овозможува пристапот кон потсвеста, и подоцна на тоа ниво може да се натурат идеи, желби, грижи, стравови, или пак да се наметне одредено однесување.
-УПОТРЕБА НА ДЕТСКИ ЈАЗИК: Кога на возрасните им говориме како на мали деца, постигнуваме две корисни работи: Јавноста го потиснува својот критички разум и пораката има посилно дејство врз неа. Тој сугестивен механизам во голема мера се користи во рекламирањето.
-ШИРЕЊЕ ДЕЗИНФОРМАЦИИ: Незнаењето има за цел да го збуни народот и со тоа тој да биде послаб и поподложен на манипулации. Целта на манипулаторот е народот да биде глупав, вулгарен и неук. Истовремено се поттикнува отпорот на народот кон културата, историјата и науката.
-СОЗДАВАЊЕ НА ЧУВСТВО НА ВИНА: Се прави обид да се убеди секој поединец да чувствува вина доколку мисли различно од она што му се наметнува. Тој несигурен поединец,  оптоварен со чувството на вина, се откажува од барањето на вистинските причини за проблемите и се придружува на масата.-СОЗДАВАЊЕ НА ВЕШТАЧКА КРИЗА: Овој метод се нарекува: „Проблем-реакција-решение“. Треба да се создаде проблем, за дел

Пронајдете не на следниве мрежи: