Во стар неупотребуван бунар на длабочина од 6,9 метри пред два дена биле пронајдени и извадени човечки коски (делови од скелети, делови од черепи, коски и сл.). Бунарот е лоциран во дворното место сопственост на Али Ахмети во кичевско Зајас.-Увидот бил извршен по пријава дека на 09.10.2016 година при изведување на градежни работи – ископ на земјиште од страна на градежни работници со градежна машина, во стар неупотребуван бунар, на длабочина од 6,9м, биле пронајдени и извадени човечки коски. Пронајдените предмети се подигнати и по наредба на Јавен обвинител истите се испратени на вештачење во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје, информираат денес од полицијата.
Кординаторот на тимот за ексхумација Мусли Муслиу вчера изјави дека се претпоставува оти остатоците се од 1913 година, а дека телата првично биле запалени па потоа затрупани во стар напуштен бунар. Тој исто така посочи оти луѓето кои се во масовната гробница претежно се жители од тој крај, и според првичните сознанија најверојатно станува збор за 10 до 60 луѓе.-Увидот бил извршен по пријава дека на 09.10.2016 година при изведување на градежни работи – ископ на земјиште од страна на градежни работниц