Човек прашал мудрец како да ја понајде љубовта на својот живот: Мудрецот тогаш му одговорил…

Секој од нас понекогаш е заробен во магичен круг на празно секојдневие, страдање, мачни односи и оптоварувачки обврски и  секому понекогаш му е потребно малку мудрост за да го врати  животот на вистинки пат. Еден човек прашал мудрец како да излезе од маѓепсаниот круг на празно секојдневие во кое нема љубов ни среќа? Мудрецот му одговорил дек од кругот може да излезе само на она место каде се спојуваат почетокот и крајот!Човекот длабоко се замислил и тргнал во потрага  за местото каде небото се спојува со земјата, но хоризонтот  секогаш бил на иста оддалеченост. Уморен од се седнал на брегот покрај океанот, мислејќи дека стигнал до крајот на светот. Зборовите на мудрецот му одѕвонувале во главата.
 Долго време седел на брегот гледајќи го сонцето и  облаците, а ноќе месечината и ѕвездите и конечно видел како своето минато и иднина се спојуваат во сегашен момент и го обликуваат неговиот живот.
Го знаел одговорот. Не постои место на светот каде почетоците се спојуваат со краевите, но  на секое место крајот се влева во нов почеток во еден одреден момент.
Повторно го побарал старецот кој го упатил кон хоризонтот, одлучен во намерара да дознае во кој момент може да се ослободи од лошата среќа.
Го прашал мудрецот: „Сега знам каде се спојуваат  почетокот и крајот, што  треба да правам?“
Мудрецот одговорил:

 
„Доколку твоето минато е исполнето со страдање, почекај го моментот кога сонцето на хоризонтот почне да се крева и тогаш остави го  сето страдање зад себе.
Доколку во минатото си бил роб на лоши навики, почекај сонцето да почне да се крева и во следните три дена прави го само она што сакаш да го правиш до крајот на животот.
Доколку твоето минато е исполнето со мачни односи, тогаш побарај некои нови луѓе и појди ос нив во  својата иднина, а сите останати остави ги зад себе и не гледај наназад.

Доколку во твојот живот нема радост, тогаш стори било што  што ќе те направи среќен, колку и да е таа работа мала, таа ќе се прошири  на целата твоја иднина.
Доколку во твојот живот немало љубов, во тој момент со  желба погледни во сонцето и  ќе ја сретнеш љубовта на твојот живот.“
Човекот се заблагодарил и тргнал на својот пат. Никогаш повеќе не се вратил кај мудрецот!
Вашите стари маки нека останат зад вас и во новата година понесете го само она со што саката да ја исполните својата иднина. Доколку го сторите тоа, ќе ја сретнете љубовта на својот живот! Барем така вели старата легенда за човекот и мудрецот.Човекот длабоко се замислил и тргнал во потрага  за местото каде небото се спојува со земјата, но хоризонтот  секогаш бил на иста оддалеч

Пронајдете не на следниве мрежи: