Филмот „Човек птица“ од мексиканскиот режисер Алехандро Инјерта доби Оскар за најдобар филм, режија, камера и најдобро оригинално сценарио на 87-то доделување на наградите на Американската филмска академија.Британскиот актер Еди Редмејн доби Оакар за главна улога во филмот „Теорија на се“, во кој го игра познатиот физичар Стивен Хогинг, додека Оскарот за машка епизодна улога му припадна на американскиот актер Џеј Кеј Симонс за улогата на професор по музика во „Ритам на лудило“.
Џулиен Мур ја освои наградата за улога на професорка која страда од Алцхајмерова болест, а Патриша Аркет е наградена за споредна женска улога во филмот „Растење“.
Оскар за најдобро адаптирано сценарио доби Грејам Мур за „Игра на кодови“,а оскарот за најдобро оригинално сценарио му припадна на Инјерта, Николас Ѓаковне, Александар Динеларис и Армандо Бо за филмот „Човек птица“.
Полскиот фим „Ида“ доби оскар за најдобар странски филм, а најдобар анимиран филм е „Градот на хероите“.
Филмот „Гранд Будапест хотел“ доби оскар за костум, шминка, сценографија и најдобра оригинална музика.
Филмовите „Човек прица“ и „Гранд Будапест хотел“ имаа по девет номинации.
Повеќе номинации имаа и филмовите „Теорија на се“, „Детство“, и „Американски снајперист“, а меѓу номинираните актери имаше дури пет Британци – Бенедикт Камбербек, Еди Редмајн, Розамунд Пајк, Фелисити Џоунс и Кира Најтли.Британскиот актер Еди Редмејн доби Оакар за главна улога во филмот „Теорија на се“, во кој го игра познатиот физичар Стивен Хогинг, дод