Неверојатна вистинита приказна за Пол ВокерОткако низ медумите се рашири приказната за смртта на Пол Вокер, на неговата Фејсбук страна се појавија многу вистински приказни за неговата хуманитарна работа и неговата племенитост. Меѓутоа најголемо внимание привлече приказната на Ирена Кинг, поранешна вработена во златара во Санта Барбара.
Имено, актерот уште во 2004 година, влегол во златарата каде што работела, а Ирена тој ден вечно ќе го памети. Не затоа што го запознала Вокер туку затоа што била импресионирана од она што актерот го направил.
Вокер бил во златарата кога млад пар барал веренички прстен. Кајл Уфам штотуку се вратил од својата прва мисија од Ирак и сакал да и купи прстен на својата свршеничка на која и се допаднал прстен кој чинел 9.000 долари. За жал немале доволно пари да го купат.
Во тој момент Вокер дошол до Ирена и кажал прстенот да го стави на негова сметка. Потоа излегол, сопственикот го повикал парот и им кажал да се вратат по прстенот.
Иако Ирена ветила дека никогаш нема да го открие идентитетот на купувачот, по смртта на Пол решила да му раскаже на светот за доброто дело. Парот Кристен и Кајл Уфам, и сто така дале изјава во врска со приказната.
„Забележав дека има уште некој во продавницата, но не размислував премногу за тоа. Подоцна забележав дека тоа е Вокер. Јас и мојот свршеник разговаравме за тоа дека тој само што се врати од Ирак. Се сеќавам на изразот на ликот на Вокер. Се трансформираше“-раскажува Кристен.
Кога се вратиле по прстенот, сакале да дознаат кој платил, но, сопственикот не сакал да открие. Парот вели дека секогаш се сомневале дека тоа бил Пол но не биле сигурни.
Откако низ медумите се рашири приказната за смртта на Пол Вокер, на неговата Фејсбук страна се појавија многу вистинск



