Петер Пиот беше истражувач во лабораторија во Антверпен, кога еден пилот му донесе примероци крв од белгиска калуѓерка, која мистериозно се разболела во Заир. Професоре Пиот, како млад научник во Антверпен, сте биле дел од тимот кој го откри вирусот Ебола во 1976 година. Како се случи тоа?
Сеуште се сеќавам точно. Еден ден во септември, пилот од Сабена Ерлајнс ни донесе сјајен син термос и писмо од доктор во Киншаса, тогашен Заир. Во термосот, имаше крв од белгиска калуѓерка, која неодамна се разболела од мистериозна болест во Јамбуку, село во северниот дел на земјата. Тој побара од нас да го тестираме примероко за можност од појава на жолта треска.
Овие денови, еболата може да биде истражувана само во високо-безбедни лаборатории. Како се заштитивте себеси тогаш?
Ние воопшто не знаевме колку е опасен вирусот. И немаше високо-безбедни лаборатории во Белгија. Ние само носевме бели лабораториски мантили и заштитни ракавици. Кога го отворивме термосот, мразот во голема мера се стопи и една од ампулите се скрши. Крвта и стаклото пловеа распарчени во мразот.
Но, вирусот жолта треска очигледно немаше никаква врска со болеста на калуѓерката.
Не. Тестовите се покажаа како негативни. Што би можело тогаш да биде? Нашите надежи зависеа од тоа да бидат во можност да се изолира вирусот од примерокот. За да го направиме тоа, ние го инјектиравме тоа во глувци и други лабораториски животни. Најпрвин ништо не се случи за неколку дена. Мислевме дека може патогените биле оштетени од недоволно ладење во термосот. Но, тогаш едно од животните почна да умира. Тогаш сфативме дека примерокот содржеше нешто сосема смртоносно.
На крајот, конечно бевте во можност да создадете слика на вирусот со помош на електронски микроскоп.
Да, и нашата прва мисла беше: „Што по ѓаволите е тоа?“ Вирусот, што поминавме долго време да го истражиме, личеше на многу голем и долг црв. Немаше никакви сличности со жолтата треска и изгледаше како крајно опасен Марбург вирус, кој, како еболата, предизвикува хеморагична треска. Во 1960-тите години, вирусот убил неколку лабораториски работници во Марбург, Германија.
Дали бевте исплашени во еден момент?
Не знаев речиси ништо за вирусот Марбург во тоа време. Кога ќе им кажам на моите студенти за тоа денес, тие мислат дека мора да сум дошол од камено време. Но , јас навистина морав да одам во библиотека и да по побарам во атласот за вирологија. Американскиот Центар за контрола на болести ми потврди дека тоа не е вирусот Марбург, туку некој непознат вирус. Во меѓувреме, дознавме дека стотици луѓе починале од вирусот во Јамбуки и областа околу неа.
Неколку дена подоцна, станавте еден од првите научници, кој замина во Заир.
Да. Калуѓерката што почина и нејзините колешки сестри, сите беа со потекло од Белгија. Во Јамбуки, кој беше дел од белгиско Конго, тие работеа во мала болница. Кога белгиската влада одлучи да испрати некого, јас доброволно се пријавив. Имав 27 години и се почувствував како мојот херој од детството, Тинтин. Морам да признаам, бев затруен од од можноста дека ќе се распитувам за нешто сосема ново.
Дали постоеше барем малку страв кај вас?
Се разбира, ние се занимававме со една од најсмртоносните заразни болести во светот што сум ја видел – и немавме поим дека се пренесува преку телесни течности и комарците! Носевме заштитни мантили и ракавици од латекс, а јас дури носев и позајмени очила за мотоцикл, за да ги покријам очите. Но, поради топлината, беше невозможно да користиме гас-маски, кои ги купивме во Киншаса. Пациентите заболени од Ебола беа шокирано од мојот изглед како што беа и од нивното интезивно страдање. Зедов крв од околу 10 лица. Најмногу загрижен бев, случајно да не се боцнам со иглата и да се инфицирам себеси на тој начин…Професоре Пиот, како млад научник во Антверпен, сте биле дел од тимот кој го откри вирусот Ебола во 1976 година. Како се случи тоа?