Човекот кој пешачеше со километри до своето работно место, благодарение на добрите луѓе сега…

Американецот Џејмс Робертсон од Детроит веќе 27 години секој ден пеш минува по 33 километри за да стигне до своето работно место и назад.Уште од 1988 година кога се расипала неговата „Хонда Акорд“, 56-годишниот Робертсон планирал да купи нов автомобил, но поради недоволните финансиски средства не можел да си дозволи таков „луксуз“.
Само мал дел од патот се возел со автобус, но за да стигне до фабриката во која работи и потоа назад до својот дом, секој ден пешачел за многумина неверојатни 33 километри. Проблемот е во тоа што никој од неговите колеги не живее во негова близина, а на крајот на работното време последниот автобус веќе е заминат, па тој морал да пешачи до својот дом.
Иако, признава дека е хронично ненаспан и уморен, Робертсон додава дека преку викендите се успева да надомести, а понекогаш спие и во автобусот.
Но, откако неговата приказна излезе во јавност многумина сакале да му помогнат….

 

Па така за него се собрани 350 илјади долари од кампањата која ја запчнал Иван Лиди, кој е 19-годшен студент. Иван ја прочитал приказната и пронашол начин да му помогне на Робертсон.  Притоа, благодарение на Иван, Робертсон сега е преселен во нов  дом кој е блиску до фабриката во која работи.
Но поради многуте лоши случаи односно смртта на 86 годишен маж во Детроит кој бил убиен откако добил на лотарија 20.000 долари, како и смртта на уште еден маж кој добил одредена сума на пари-Робертсон не се чувствува безбедно во новиот дом.
Токму затоа тој вели дека нема да остане долго во новиот дом и дека набрзо ќе се пресели на друго место, можеби дом уште поблиску до фабриката.
Тој разговарал со полицијата и исто така одлучил да разговара со советници кои ќе му помогнат да управува со донациите.
А пак несреќниот човек кој само пред една недела изјави дека нема пари за нов автомобил беше изненаден од новиот Форд кој го добил а кој е донација од градот во кој живее.
 
Уште од 1988 година кога се расипала неговата „Хонда Акорд“, 56-годишниот Робертсон планирал да купи нов автомобил, но поради недоволни

Пронајдете не на следниве мрежи: