Француската банка Credit Agricole ја заврши 2012 година со рекордна загуба од 6,5 милијарди евра поради неочекувани даночни трошоци поврзани со продажбата на грчката филијала.Вложувањето на деловната клима доведе и до загуби во француската и италијанската подружница за инвестициско банкарство.Credit Agricole планира да изготви тригодишен план за престројување кој треба да обезбеди пресврт кон подобри деловни резултати.Француската банка кон крајот на 2012 година ја продаде грчката подружница Emporiki Bank за едно евро поради грчката економска криза. Неочекуваните расходи на име на данок во висина од 838 милиони евра ја зголемија вкупната загуба на Credit Agricole над очекувањата.На почетокот на месецот банката извести и за голем отпис на вредноста на имотот, вклучително во Португалија и Италија, поради влошување на состојбата во економијата на еврозоната и новите построги прописи за финансискиот сектор.„Во 2012 година завртивме нова страница и од кроен ја променивме групацијата. Напуштањето на Грција скапо не чинеше, но тоа беше неопходна одлука“, нагласи извршниот директор Жан-Пол Шифле.Според него, главен приоритет во новиот деловен план ќе биде забрзано подобрување на универзалното работење фокусирано на клиенти и продлабочување на веќе започнатите промени во одделот за специјализирани финансиски услуги.
МакфаксФранцуската банка Credit Agricole ја заврши 2012 година со рекордна загуба од 6,5 милијарди евра поради неочекув