Цревните бактерии како главна причина што покрај диетите не губите килограми

Според една нова студија, цревните бактерии можат да влијаат врз намалувањето на килограмите или дебелеењето. Истражувањето е спроведено од страна на одделот за исхрана, вежби и спорт во Копенхаген. Резултатите потврдуваат дека нивото на бактерии во дигестивниот тракт директно влијае врз губењето на килограмите.Оваа вест може да послужи како утеха за оние кои пробале безброј диети, со цел да изгубат некој килограм.
 
Во истражувањето учествувале 62 лица, кои требало да применат Нордиска диета. И биле групирани во две групи, во зависност од тоа какви бактерии имаат во својот дигестивен тракт.
Диетата која е применета е многу богата со влакна. Учесниците на диета биле 26 недели, со задолжително вагање пред и после диетата. Испитаниците по завршувањето со Нордиската диета, применувале Данска диета, со времетрање од 1 година.
„Луѓето со висока концентрација на бактеријата Prevotella, беа осетливи на губење на телесни масти, со примена на диетата богата со влакна и целозрнести житарици, за разлика од оние кои применуваа стандардна Данска диета“, изјави еден од коавторите на студијата Мадс Јорт.
Значи, за успешна диета најдобро е да го испитате соодносот на бактериите во вашиот дигестивен систем, па во зависност од добиените резултати да најдете која исхрана е прикладна за вас.
„Ова покажува дека одредени бактерии играат голема улога во регулирањето на тежината. Сега може да објасниме зошто дита богата со влакна не доведува секогаш до губење на килограми“, изјави главниот истражувач Арни Аструп.
 Оваа вест може да послужи како утеха за оние кои пробале безброј диети, со цел да изгубат некој килограм.

Пронајдете не на следниве мрежи: