Оној кој во иднина јавно ќе се потсмева со НАТО би можел да биде казнет со паричен износ од три до 10.000 евра, пишува подгоричкиот портал Вијести.Таа казна е инаку предвидена и за оние кои се потсмеваат со Обединетите нации, Меѓународниот црвен крст или другите меѓународни организации чија членка е Црна Гора.
Вијести пишува дека тоа прашање е регулирано со членот 200 на Кривичниот закон „Повреда на угледот на странска држава или меѓународна организација“.
Нема да бидат казнети оние кои ќе го изложат НАТО на јавно потсмевање доколку тоа е изнесено „во рамки на сериозна критика во научно, книжевно или уметничко дело, во извршување службена дејност, новинарска професија, политичка дејност, во одбрана на некое право или заштита на оправдани интереси“.
Истата парична казна е предвидена и за оние кои јавно ќе навредат држава со која Црна Гора има дипломатски односи, или нејзините грб, знаме или химна.
Ова значи дека Црногорците може да се потсмеваат со држави со кои Црна Гора нема дипломатски односи или со организации во кои Црна Гора не членува.
Црногорските експери за човекови права истакнуваат дека ова е апсурдно бидејќи членки на НАТО, како САД и Германија на пример, истото дело не го казнуваат. Вијести истакнува дека досега немало пример за казнување на ова дело, но дека самото негово постоење ја загрозува слободата на изразувањето.
Таа казна е инаку предвидена и за оние кои се потсмеваат со Обединетите нации, Меѓународниот црвен крст или другите меѓународни организации чија чл