Црна Гора: Погледнете што успеале луѓето да фотографираат во морето!

Фотографијата на која се гледа полициско пловило со капачи на него, наместо полицајци во униформи, ги запали социјалните мрежи.На фотографијата се гледаат четири лица на палубата, а две во вода. Фотографијата на Твитер ја поставил и функционерот на Демократскиот фронт Небојша Медојевиќ, кој рекол дека според неговите информации, на фотографијата се наоѓа полицискиот брод „Улцињ“.
„Фотографијата е автентична и покажува во каков хаос се наоѓаат полицијата и службите за безбедност. Од корупција, политичка злоупотреба, збогатување на еден дел полициски службеници, па сѐ до директно учество на полициски инспектори во организација  и трговија со наркотици, проституција, корупција во јавни набавки, лихварство. Професионализмот, етиката, дисциплината, унапредувањето во склад со способностите и резултатите, меѓусебната солидарност и патриотизмот, одамна се вредности коишто раководителите не ги некуваат, а камоли службениците“ – истакнал Медојевиќ.

Од Управата на полицијата било соопштено дека по налог на министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Рашко Коњевиќ, била извршена проверка со која бил утврден идентитетот на полициските службеници кои управувале со службеното пловило. Против нив ќе биде покрената дисциплинска постапка.
На фотографијата се гледаат четири лица на палубата, а две во вода. Фотографијата на Твитер ја поставил и функционерот на Демократскиот фронт Небој

Пронајдете не на следниве мрежи: