Дамкaта сеуште стои во дел кој е одвоен од езерото со нанос на песок и денес беа земани мостри од неа за да се вшри испитување. Дамка има, но тоа е далеку од апокалипсата која некој медиуми ја објавија.Медиусмки извештаи во кои се тврди дека на езерото му се случила еколошка катастрофа, без притоа да се даде барем 1 секунда видео снимка, обвинувања од лице кое неколку пати ја лажеше јавноста дека неговиот родител е избркан од работа заради политички причини, и фотографии обоени во сиви нијанси за Охрид и Охридско езеро да изгледаат што е можно полошо – ова е лажната слика која вчера медиумите ја испратија за Охрид, на неколку седмици пред пролетната туристичка сезона, а за тоа користеа материјал од Фејсбук , објавен од непостоечката Охрид ЅОЅ , која е поделена на две крила кои меѓусебе војуваат околу парите кои ги добиле од странски филантроп.
Ова е накратко она што вчера јавноста го гледаше, спакувано во пропагандна активност на опозициски национални и локални медиуми, а што го гледаме со години наназад секогаш кога некој центар од Скопје сака да нанесе директна штета на охридскиот туризам, само што овој пат лажната пропаганда не беше финансирана од скопски агенции на скопски медиуми, туку беше покрената од крило на непостоечката Охрид ЅОЅ ( која правно непостои ) и спроведена на локални и национални портали кои правно постојат и од само нив познати итнереси директно влегоа во црната кампања против охридскиот туризам, водени од политичката агенда за која легално и законски, комерцијално работат.
ОХРИЃАНИ РЕАГИРААТ НА ЛАГИТЕ
Од утрово голем број граѓани на Охрид, вљубеници во градот на Фејсбук објавуваат фотографии од местото за каде се тврдеше дека се случила еколошка катастрофа која можела да го уништи Охридско езеро. На фотографиите колоритот на Охрид воопшто не е сив и пепеласт, туку е плав и точно онаков како што градот изгледа, а тоа е така бидејќи овие фотографии не се обоени во сиви нијанси какви што беа тие кои ги публикува непостоечката еколошка организација.НА ТОА МЕСТО СО ГОДИНИ СЕ ПОЈАВУВААТ ВАКВИ ДАМКИВакви мрсни дамки, кои најверојатно потекнуваат од нафта и нафтени деривате на истото место се појавуваат со години наназад. Во медиумите за нафтени дамки на кејот, скромно и штуро се информираше во 2012-та година, во 2009-та година и во 2008 година, додека за истиот проблем пред појавата на интернетот пишуваа дневните весници.
Како што граѓаните добро знаат ваквите мрсни дамки од нафта и нафтени деривати не се новост на овој дел од кејот , но исто така добро знаеме дека езерото до сега од нив не претрпе еколошка катастрофа, ниту меидумите информираа за катастрофа од апокалиптични размери.Вчерашниот испад со емитување на разговори со лица познати по ширењето лаги во охридската јавност, кулминира во моментот кога гостинот на една од телевизиите директно ги обвини институциите дека тие намерно истуриле деривати, за да го уништат тој дел од езерото, за потоа тука да граделе објекти.ОХРИД ЅОЅ КОНТРА ОХРИДСКИОТ ТУРИЗАМОхрид ЅОЅ после етикетирањата и нападите во опозициските меидуми на туроператорот ТУИ кој во Охрид носи над 50 000 туристи и милионски приходи, барањето да не се слави Водици и навредите дека луѓето кои скокале по крстот биле еколошки неосвестени и правеле стампедо во езерото , вчерашната црна пропаганда со ширење апокалиптични лажни вести кои не ги поткрепија со видео снимки, на Охрид ЅОЅ и опозициските портали и телевизии е продолжение на децениската појава пред секоја сезона да се користат медиумите за оцрнување на Охрид, со цел да се зајакнат позициите на агенциите од Скопје, а овој пат да се реализира политичка пропаганда на една партија и непостоечка невладина организација.Медиусмки извештаи во кои се тврди дека на езерото му се случила еколошка катастрофа, без притоа да се даде барем 1 секунда видео снимка, обвинувањ