Црна прогноза: Шумахер останува во кома до крајот на животот?

Шумахер не може да се опорави ниту по 19 дена од падот за време на скијањето, за да може лекарите да го разбудат од состојбата на кома во која беше ставен за да се помогне опоравувањето на неговиот мозок од последиците од ударот во една карпа.При вакви повреди лекарите ги оставаат пациентите во состојба на медицинска кома, во обид да се спречат какви било компликации и за да не дојде до дополнително оштетување на мозокот. Според мислењето на лекарите на кои се повикува „Фокус“, доколку повредите на главата не се премногу тешки, пациентите обично се будат од кома по една до најмногу две недели.
Состојбата на Шумахер е очигледно многу потешка и посериозна, па тој  безмалку три недели останува во состојба на кома.
Германскиот весник „Билд“ тврди дека во овој момент нема никакви планови тој наскоро да биде разбуден од состојбата во која е оставен, уште веднаш по приемот во болницата во Гренобл.
Француските лекари, кој го лекуваат Шумахер, велат дека неговата состојба и натаму е критична, иако општата здравствена состојба ја означуваат како стабилна.

 

Но, и тие, а и германските лекари чии мислења пренесуваат медиумите во Германија, одбиваат да дадат какви било прогнози за здравствената состојба, а уште помалку за тоа како понатаму ќе се развиваат работите.
Германските лекари објаснуваат дека повредите на мозокот се најкомплицираните во човечкото тело, па затоа сметаат дека давањето прогнози може да биде неумесно. Ако повредите се потешки отколку што сега се оценува, тогаш Шумахер  може да остане во кома на неопределено време.
Тешкиот инцидент со Михаел Шумахер кој минатата есен по вторпат се пензионира од Формула 1, ги натера шефовите на возачкиот „циркус“ да ги предупредуваат тркачите на однесувањето кога се на одмор.
Така, раководството на екипата на „Ред Бул“ му нареди на својот возач Даниел Рикардо, да не сурфа во водите на Индискиот Океан во неговиот роден град Перт во Австралија, поради опасноста од напади на ајкули.При вакви повреди лекарите ги оставаат пациентите во состојба на медицинска кома, во обид да се спречат какви било компликации и за да не дојде до

Пронајдете не на следниве мрежи: