Црна Ружа-најтајната секта

Ретко можат да се сретнат информации за оваа сатанистичка секта која се појавува во 80-тите како урбан мит, или урбана легенда, но можат да се најдат теми на форуми кои имаат илјадници страни дискусија поврзана со оваа секта. Но тимот на тинк издвои и истражи, информации кои можете да ги прочитате за оваа секта.Последиците во војната на Југославија иницирале на основање на Секта, Сатанистичка црква.. Името на оваа секта, е прочуеното име “Црна Ружа” од кое и при самата помисла ве лазат морници.
Во екс-Југославија оваа секта се нашла во огромна популарност поради неколку случки во касарната во Суботица, кога имаше две самоубиства на војници кои биле членови на Црна Ружа.
За Црна Ружа во јавноста се слушнала во 1992 година, кога Бора Лазукич, новинар од списанието “Борбе”, објавил дека открил група од 1500 до 2000 млади луѓе, кои се собирале на гробишта и изведувале сатанистички ритуали. Во тие групи имало многу малолетници, кои, после конзумирањето на дрога, оргирале и учествувале во ритуалите за жртвување. Оваа секта ја сочинуваат повеќе националности, од кои, за жал има и Македонци. Таинствениот таканаречен шеф на оваа секта, секогаш носи маска и наметка со капа, криејќи го својот идентитет, но тој течно зборува српски.
За да можат да се зачленат кон оваа секта најпрвен тие мора да отидат на црните миси кои ги организираат, на луѓето кои што сакаат да се зачленат им се служи црн леб и крв од животни, а молитвата оче наш ја кажуваат одпозади. Тие најчесто се тетовирааат со три шестки, пентаграми, хектаграми, голема буква Ф, како и крстови на своите стапала се со цел да го газат кога одат.
Припадниците на оваа секта се собираат на гробишта, во дискотеки, на стоваришта и во приградските шуми. Изминатите години оваа секта го проширила своето влијание ние целиот Балкан. Нејзините членови се идентификувани најчесто на православните гробишта, како слушаат гласна музика од избрани бендови и групи како: “Devision”, “Bauhaus”. “Butthole surfers”, “MC 5″, “Test dept”, “Sisters of mercy”, “The Faust”, “Velvet Underground”, корнејќи ги крстови од гробовите и повторно ги ставале во земјата, но наопаку.
На проповедите сите членови конзумираат дрога, и под надзорот на лидерот, влегуваат во транс. Првиот кој влегува во транс, се смета за посебен “среќник” и се доведува во центарот на исцртаниот пентаграм на некој гроб, кој го заменува олтарот. Тогаш лидерот на сектата го одредува терминот на самоубиство (жртвувањето во црна ружа). Терминот за самоубиство трае во рок од една недела, до година дена. Тој датум на одредениот “среќник” му се испишува во вид на тетоважа на левата рака измеѓу палецот и показалецот. Притисокот од останатитечленови да изврши самоубиство и да направи жртвување е речиси преголем, така да речиси тој  нема друг избор.
Доколку на одредениот датум за самоубиство, лицето се наоѓа во војска или во странство, сектата наоѓа начин да му достави писмо на кое е нацртана црна ружа и е напишан датумот на самоубиство, што представува опомена. Во случај лицето кое треба да го изврши овој ритуал на саможртвување да се покае или пак да се предомисли од одредени причини, сектата го зголемува притисокот, вклучувајќи и телефонски закани како на пример, дека они ќе го направат она што на сатаната и е ветено.
Инаку, на Сатаната се принесува, покрај човечка жртва од самата секта, се принесува и цивилна жртва од секојдневниот свет. Во САД се сретнувало како членови на оваа секта киднапираат девојче, се со цел на местото на проповедот, членови на сектата да ја силуваат, а потоа на одреден начин со бодежи низ цело тело да ја масакрираат до смрт, притоа да се прскаат со нејзината крв и да ја принесуваат како жртва. Во екс-Југославија за жртва најчесто се земало некое животно, а се забележани и чинови и на содомија пред убиството на овие животни. За ваша информација содомија е сексуален чин помеѓу човек и животно.

Пронајдете не на следниве мрежи: