ЦРНА СМРТ: Има убиено милиони луѓе и уништено повеќе цивилизации. Сега се враќа назад!

Чумата уби милиони луѓе и уништи бројни цивилизации. Таа повторно ја крена својата грда глава – овој пат во САД. Неодамна се заразени 12 луѓе, од кои четворица починале, пишува News.com.au.Случаите се пријавени во Аризона, Калифорнија, Колорадо, Џорџија, Ново Мексико и Орегон. САД годишно бележи седум случаи кои се однесуваат на злогласната бактерија позната како Yersinia pestis. Од 1. август оваа година, имало 12 случаи, а едно од починатите лица бил и еден 16-годишен младич.
Оваа случка ги натера центрите за контрола на болести да бидат во состојба на приправност.
На заразените нималку не им е удобно.
Се соочуваат со повраќање, висока температура и болка во стомакот. Но, тука се и грутките коишто се појавуваат под пазувите и на препоните.
И секако, постои можност за умирање. Првата голема епидемија на чума е забележана помеѓу 6. и 7. век. Се проценува дека починале 50 милиони луѓе. Во 14. век, „црната смрт“ уби околу половина од европското население, односно 75 милиони луѓе. Во 19. век, повеќе од 12 милиони луѓе починале од чума во Индија и Кина.
Доколку не се лекува и до 93% од заболените умираат. Но, навременото лекување со модерни антибиотици може да ја спушти стапката на смртност за околу 16%. Се поставува прашањето, зошто тогаш стапката на смртност во САД е толку висока. Одговорот на ова прашање сѐ уште не е познат, но во секој случај е познато како може да се избегне чумата.
Пред сѐ, избегнувајте глодари – не допирајте ги мртвите глодари. Бактеријата престојува во болвите кои обично се поврзани со дивите глодари ширум светот.Случаите се пријавени во Аризона, Калифорнија, Колорадо, Џорџија, Ново Мексико и Орегон. САД годишно бележи седум случаи кои се однесуваат на злогл

Пронајдете не на следниве мрежи: