Црната листа на Русија: На кои политички претставници им беше забрането да дојдат на погребот на Немцов?

Руските медиуми објавија дека погребот на рускиот опозиционер Борис Немцов, кој во петокот навечер беше убиен од страна на непознат напаѓач, ќе биде одржан денес, пренесоа руските медиуми.Комеморацијата ќе се одржи во музејот и центарот за човекови права „Андреј Сахаров“, по што ќе следи погреб на гробиштата Тројекуровское, пренесе BBC.
Руските власти им го забранија влезот за високите функционери од Полска и Летонија, кои сакале да присуствуваат на погребот на Немцов.
Претседателот на полскиот Сенат, Богдан Борусевич, вчера изјави дека руските власти не му одобриле виза за да може да присуствува на погребот.
Портпаролот на полското министерство за надворешни работи, наведе дека тој чин е одмазда затоа што на листата на санкции на ЕУ се најде Валентина Матвијенко, претседателка на Советот на федерацијата, Горниот дом на руската Дума.
Покрај тоа, летонската политичарка Сандра Калнијете, изјави дека руските власти на аеродромот Шереметјево во Москва не ѝ дозволиле влез во земјата, каде што сакала да присуствува на погребот на Немцов.
„По двочасовно чекање ми рекоа дека ми е одбиено барањето за влез во Русија, според параграф 27, точка 1 од Законот. Кога прашав што значи тој параграф, никој не знаеше да ми одговори“, изјавила Калнијете AFP.
Рускиот опозициски лидер Алексеј Наваљни, кој исто така сакал да присуствува на погребот, а се наоѓа во 15-дневен притвор поради делење на летоци за најавување на демонстрациите, не добил дозвола за привремено излегување од затвор.Комеморацијата ќе се одржи во музејот и центарот за човекови права „Андреј Сахаров“, по што ќе следи погреб на гробиштата Тројекуровско

Пронајдете не на следниве мрежи: