Црната вдовица Наташа заведува преку интернет!

Наташа Петровиќ, која е осудена на 30 години затвор за учество во убиството на сопругот, се уште е на слобода.Додека чека на отслужување на казната, таа своите провокативни фотографии ги објавува по социјалните мрежи, а интересно е тоа што нејзиниот соучесник во убиството не е на слобода иако е осуден на иста казна од 30 години.
Наташа Петровиќ е пуштена од притвор уште пред повеќе од година дена. Во притвор инаку поминала седум години. На слобода ја дочекала и пресудата од апелацоиниот суд во Белград, во јануари оваа година. Со таа одлука потврдена е пресудата од Вишиот суд, која ја осуди на 30 години затвор поради поттикнување на убиство. Но, нејзиниот бранител повторно се жалел до Врховниот суд, и се уште се чека конечна одлука- цели 19 месеци.
Таа е обвинета дека како убиец го ангажирала поранешниот припадник на Полициската бригада Ненад Барачи, кому Апелациониот суд поради тешко убиство од користољубие му ја потврдил казната од 30 години затвор.
Осуден е и Драган Шекуларац, бидејќи му помогнал на Барачи да го сокрие пиштолот по убиството на три години затвор.

 
Барачи за време на судењето го признал убиството, но тврдел дека смртоносните истрели ги испукал во афект, а не од користољубие. Наводно, Ненад му се заканувал дека ќе му ги повреди членовите од семејството, а тврдел и дека не бил во интимна врска со Наташа.

Барачи е осуден бидејќи, како што е наведено во пресудата, како долгогодишен пријател на Петровиќ дошол на 14 април 2007 година во неговиот стан на Булевар Авној, и после краток разговор испукал два куршума во глава, бидејќи Наташа за тоа му платила 5.000 евра, а ветила дека по завршената „работа“ ќе му плати уште 15.000 евра.
Таа исто така му ветила дека ќе „му врати се што изгубил должејќи му пари на нејзиниот сопруг кој бил лихвар“.
Барачи морал да му исплаќа пари на име на главнина и високи камати кои неговите пријатели не му ги платиле на Петровиќ, а кои тој ги запознал со Петровиќ и бил гарант за нивниот долг.
Поради тоа морал да го продаде и станот во кој живеел со семејството.
Наташа Петровиќ, знаејќи за сето тоа, му се жалела на Барачи дека сопругот ја тепа и малтретира нејзе и децата говорејќи му на што се е подготвен да стори на членовите на неговото семејство за да го наплати долгот и му предложила да го убие.
Наташа со убиениот Ненад била во брак 20 години и со него има две деца.Додека чека на отслужување на казната, таа своите провокативни фотографии ги објавува по социјалните мрежи, а интересно е тоа што нејзиниот соучесн

Пронајдете не на следниве мрежи: