Црните страници на УДБА- Емиграцијата- државен непријател број еден!

„Црните страници на УДБА“ е сведоштво за едно време, бурно време. Период во кој била супресирана каква било мисла што излегувала надвор од „дозволеното“ мислење на номенклатурата на власт. Дали се работело за политичко несогласување на лево, или за тоа како се практикувала тогашната идеологија на КПЈ или, многу почесто за чиста македонска промисла, сеедно, сите биле цел. И најголем дел од нив имале формирани досиеја од тајната југословенска/македонска полиција. Од тие досиеја подоцна се ваделе материјали за прогон, кој завршувал со политичка, а често и со физичка ликвидација. Воопшто не било благопријатно да се биде неистомисленик.Про­го­не­ти­те Ма­ке­дон­ци, од­нос­но еми­гра­ци­ја­та, се прет­ста­ве­ни во два де­ла, на 1671 стра­ни­ца, со 13 до­си­е­ја. Пет­ти­от том е до­каз де­ка не е точ­но тоа што нѐ учеа оти не­ма­ме по­ли­тич­ка еми­гра­ци­ја. Исти­от до­ка­жу­ва де­ка еми­гра­ци­ја­та не са­мо што дејс­тву­ва­ла по­ли­тич­ки, ту­ку би­ла актив­но сле­де­на и цел на тај­ни­те служ­би.
Дел1
Бран­ко Смич­ков– до­сие фор­ми­ра­но во 1960 го­ди­на по­ра­ди ма­ке­дон­ска еми­гра­ци­ја. При­пад­ник на ка­те­го­ри­и­те ек­стре­мен еми­грант на За­пад и ра­ко­во­ди­тел (член на ра­ко­водс­тво) на еми­гра­ци­ски ор­га­ни­за­ции/гру­пи. За­ми­нал во Бел­ги­ја, ка­де што го во­де­ле ка­ко ор­га­ни­за­тор на ор­га­ни­за­ци­ја­та „То­дор Але­ксан­дров“ до 1971 го­ди­на. Дејс­тву­вал од ван­чо­ми­хај­ло­ви­стич­ки по­зи­ции.

Вла­ди­мир По­пов­ски– све­ште­ник, со фор­ми­ра­но до­сие во 1978 го­ди­на, по ли­ни­ја на ал­бан­ска еми­гра­ци­ја. Еми­грант во Ав­стра­ли­ја.

 
Ван­чо До­нев– ро­дум од с. Кук­лиш – Стру­ми­ца, еми­грант во Бра­зил. До­сие фор­ми­ра­но во 1960 го­ди­на. Еви­ден­ти­ран од служ­би­те ка­ко при­пад­ник на след­ни­те ка­те­го­рии: ек­стре­мен еми­грант на За­пад, со­ра­бот­ник на стран­ска раз­уз­на­вач­ка служ­ба, учес­ник во ди­вер­зии, де­зер­тер од ЈНА.

 
 
Стој­че На­у­мов– псев­до­ним То­рон­то, ли­ни­ја на ра­бо­та: ма­ке­дон­ски ек­стре­ми­зам и вр­хо­ви­зам. За­ве­ден за обра­бо­тка во 1995 го­ди­на. Од 1989 го­ди­на со жи­ве­а­ли­ште во То­рон­то, Ка­на­да.

Сте­ван До­нев­ски– ин­же­нер, за­ми­нал на спе­ци­ја­ли­за­ци­ја во Со­јуз­на Ре­пуб­ли­ка Гер­ма­ни­ја. Ста­нал член на ДО­ОМ, а во не­го­ви­от ре­сто­ран ста­нал со­би­ра­ли­ште за не­при­ја­тел­ски ори­ен­ти­ра­на­та еми­гра­ци­ја. До­сие фор­ми­ра­но во 1976 го­ди­на, по ли­ни­ја: ма­ке­дон­ска еми­гра­ци­ја.
Пе­цо Та­лев­ски– вра­бо­тен во фа­бри­ка за пре­ра­бо­тка на ме­со, во Сид­неј, Ав­стра­ли­ја, ка­де што за­ми­нал во 1985 го­ди­на. За­ве­ден во обра­бо­тка во 1995 го­ди­на, по ли­ни­ја на ма­ке­дон­ски ек­стре­ми­зам.

Ни­ко­ла Ми­хај­лов– еми­грант во Нов Зе­ланд, ли­ни­ја на ра­бо­та: ал­бан­ска еми­гра­ци­ја. Ап­сен, осу­ден на шест го­ди­ни за­твор. Член на МПО.
 
Не­шков Те­мел­ко– бо­ја­џи­ја, ро­дум од При­леп. Се то­ва­рел за дејс­тву­ва­ње од ван­чо­ми­хај­ло­ви­стич­ки по­зи­ции. При­тво­ру­ван, осу­ду­ван два­па­ти и од­ле­жал каз­на за­твор 1948-1955 и 1958-1962

Ми­лан Ба­ка­лов­ски– ра­бот­ник во То­рон­то, Ка­на­да. Служ­би­те го во­де­ле по ли­ни­ја на еми­гра­ци­ја и ма­ке­дон­ски на­ци­о­на­ли­зам и шо­ви­ни­зам. Се ја­ву­ва ка­ко при­пад­ник на ра­ко­во­ди­тел – ор­га­ни­за­тор на ма­ке­дон­ска­та еми­гра­ци­ја, автор (учес­ник) во пи­шу­ва­ње на­пи­си во стран­ски и еми­гра­ци­ски пе­чат, ка­ко и ли­це што по­ми­на­ло низ ло­гор за бе­гал­ци (Ла­ври­он, Гр­ци­ја).
 
Кон­стан­тин Смич­ков­ски– ле­кар од При­леп. До­сие фор­ми­ра­но во 1947 го­ди­на, ли­ни­ја на ра­бо­та: ма­ке­дон­ски на­ци­о­на­ли­зам и шо­ви­ни­зам. Се на­о­ѓал на при­вре­ме­на ра­бо­та во Швај­ца­ри­ја. Не­го­ви­от брат е еви­ден­ти­ран ка­ко ек­стре­мен еми­грант во Бел­ги­ја.
Але­ксан­дар Ду­пе­шов­ски– еми­грант во Сид­неј, Ав­стра­ли­ја, гра­де­жен ра­бот­ник. Ли­ни­ја: ма­ке­дон­ски ек­стре­ми­зам, за­ве­ден во обра­бо­тка во 1996 го­ди­на, под псев­до­ним Еми­грант. По­ве­ќе па­ти наз­на­чу­ван за пре­тсе­да­тел на зад­гра­нич­ни­от ко­ми­тет на ВМРО-ДПМНЕ и во раз­лич­ни пер­и­о­ди бла­гај­ник и пре­тсе­да­тел во цр­ков­на­та оп­шти­на „Св. Пе­тка“ во Рог­дајл – Сид­неј.

Дел2
Шам­бев­ски Бла­го­ја– би­тол­ча­нец, еми­грант во Мин­хен, Гер­ма­ни­ја, отка­ко прет­ход­но пре­сто­ју­вал во по­ве­ќе европ­ски зем­ји, САД и во Ка­на­да. Ра­бот­ник без по­сто­ја­но за­ни­ма­ње. Се­кре­тар и пот­пре­тсе­да­тел на ДО­ОМ сѐ до не­го­ва­та смрт во 1974 го­ди­на.
Ви­дој­ка Бо­е­ва– по по­тек­ло од Охрид, со до­сие фор­ми­ра­но во 1961 го­ди­на, ка­ко по­ли­тич­ки еми­грант. Дол­го­го­диш­на се­кре­тар­ка на Ван­чо Ми­хај­лов. Неј­зи­на­та фа­ми­ли­ја ја сме­та­ле за бу­га­ро­фил­ска.

 Про­го­не­ти­те Ма­ке­дон­ци, од­нос­но еми­гра­ци­ја­та, се прет­ста­ве­ни во два

Пронајдете не на следниве мрежи: