„Црните страници на УДБА“ е сведоштво за едно време, бурно време. Период во кој била супресирана каква било мисла што излегувала надвор од „дозволеното“ мислење на номенклатурата на власт. Дали се работело за политичко несогласување на лево, или за тоа како се практикувала тогашната идеологија на КПЈ или, многу почесто за чиста македонска промисла, сеедно, сите биле цел. И најголем дел од нив имале формирани досиеја од тајната југословенска/македонска полиција. Од тие досиеја подоцна се ваделе материјали за прогон, кој завршувал со политичка, а често и со физичка ликвидација. Воопшто не било благопријатно да се биде неистомисленик.Третиот том од едицијата „Црните страници на УДБА“ содржи лица со разни профили, прогонувани, следени и осудувани поради размислување различно од системот. Насловен е како „Помалку познати судбини“, а во него се сместени 20 досиеја на 790 страници кои покажуваат како тајната служба ги следела сметајќи ги за луѓе кои вршат непријателска дејност кон системот, пишува „Република“.
Еден од поинтересните случаи е досието на Владимир Паунковски, во кое може да се види дека инсталациите на УДБА функционирале и во 2000 година, десет години по осамостојувањето на државата, во времето кога министер за внатрешни работи беше Павле Трајанов. Досието потврдува дека службите дејствувале по старите методи и покрај формалното одвојување на Македонија од СФРЈ. Паунковски бил следен поради активности што ги спроведувал во рамките на политички екстремизам поради што му биле одземени патните исправи.
Во документот од 16.02.2000 година, со кој се затвора неговото досие, се вели дека „по враќањето на патните исправи во 1997 година, тој заминува за Бугарија, а по менувањето на власта во Македонија, во почетокот на 1999 година се враќа во земјата и повторно ги интензивира неговите активности од позиција политички екстремизам, и истиот врши и припреми за регистрација на таканареченото „Културно друштво Ванчо Михајлов“.И покрај погоренаведеното, поради протек на подолг временски период, оперативната обработка „Одрин“ се дерегистрира, а активностите на Паунковски и натаму ќе бидат следени од РУДЕК Охрид во рамките на безбедносно интересни лица кои настапуваат од позиции на политички екстремизам“.
Покрај Паунковски, во третиот том се претставени уште 19 помалку познати судбини на прогонети, следени и осудени лица:
1. Јордан Ампов – индивидуален земјоделец од Кочани, сместен во анархолибералисти, вршител на усна непријателска пропаганда.
2. Слободан Бајрактаровиќ – правник, се сметало дека врши непријателска дејност. Живеел во Кичево, линија на работа: анархолиберализам. Регистриран за да се има увид во неговата работа. Работел како началник на ОНО на СО Кичево. Дерегистриран кога е префрлен на друго работно место.
3. Благоја Станоевски – родум од Прилеп, живеел во Скопје, правник по професија. Линија на работа: тероризам на македонски екстремисти. Заведен во оперативна обработка на 04.02.1993 година поради сомневање за вршење злоупотреба на работното место. Работел како управник на царинарница – Скопје.
4. Јордан Читкушов – усно обвинет за одземање ниви за време на војната и свикуван е на сослушување во текот на летото 1945 година.
5. Димитар Јоновски – машински инженер од Лерин, извршител на писмена непријателска пропаганда. Во 1974 година во списанието „Современост“ печател свои творби, кои се оценети како непријателски, во кои злонамерно е прикажана општествено-политичката состојба во земјата и извршен е атак врз братството и единството на народите на СФРЈ. Покрената е кривична постапка, за него како автор и за одговорниот уредник на списанието – Ѓорѓи Поповски (Сталев Георги).
6. Фоти Керамитчиевски – роден во Костур, осудуван како вршител на усна непријателска пропаганда. Формирано досие во 1956 година, по линија на бирократизам – етатизам.
7. Ѓорѓи Христовски – економист од Битола. Линија на работа бирократизам – етатизам (новоекспонирани). Работел како директор на фабриката за свилени ткаенини „Илинден“.
8. Васил Хаџи Кимов – библиотекар, роден во Штип. Осуден на смрт во 1945 година. Потоа казната му е намалена на 20 години затвор. Третиран како екстремен емигрант, соработник на Гестапо, организатор на ВМ организација.
9. Иван Кирилов – запишан и како Иванов Кирил од Кочани. Досие формирано за македонски национализам. Се товарел за застапување на крајно негативен став за општествено-политичкиот систем нагласувајќи дека нема работа, особено меѓу младата интелигенција, а Комунистичката партија не води сметка за тоа.
10. Јован Попов – од Делчево, директор на фабриката за фротирско платно „Фротирка“. Повратник од Бугарија, лице на антисамоуправни – групашки позиции.
11. Коста Враготеровски – роден во Лерин. Се јавува во категорија вршител на усна непријателска пропаганда, линија: внатрешен непријател. Формирано досие во 1947 година. Сослушуван во 1966 година.
12. Љубе Ванковски – графички работник од Скопје. Притворуван, формирано досие во 1966 година. Истапувал вербално непријателски, сметан за внатрешен непријател. Бил осомничен дека е автор на анонимно писмо, пратено до Тито.
13. Панче Манчевски – економист од Велес, окарактеризиран како анархолибералист, кој ги одобрувал студентските настани во 1968 година. Исто така истапувал на таа линија со давање погрешни и неточни толкувања за општествено-политичките состојби во земјата.
14. Михајло Михајлов – роден во Задар. Објавил статија во списанието „La Fierra leteraria“, кое било доставено до Катедрата за романска филологија – Скопје. Во статијата го нападнал внатрешниот развиток на Југославија и социјализмот воопшто. Списанието било запленето.
15. Панде Барбаровски – роден и живее во Струмица. Осуден на 3 години затвор во 1952 година за дејствување против народната власт, вршејќи усна непријателска пропаганда. Во затворот, а и по излегувањето, се поврзувал со ВМ елементи поради што бил интересен за Службата за државна безбедност.
16. Милтијад Поп-Николовски – од Лерин, живеел во Скопје, секретар на „Македонија табак“. Линија на внатрешен непријател, но користен како пријателска врска на СДБ. Формирано досие во 1958 година.
17. Ташко Велјановски – роден во Лерин, живеел во Битола, пензионер. Осудуван на 3 години затворска казна. Се води како организатор на канал за илегален премин на државна граница, линија на работа: внатрешен непријател.
18. Томе Васков – од Костур, живеел во Скопје, работел како фотограф. На враќање од Ташкет бил сослушан, но подоцна му е констатирано непријателско држење кон СФРЈ. Презел постапка за враќање во СССР, но бил одбиен.
19. Владимир Паунковски – роден и живее во Охрид. Линии на работа: тероризам на македонски екстремисти. Категории: лице што поминува граница со цел вршење непријателска дејност; македонски екстремист; симпатизер, следбеник или помагач на движењето на Ванчо Михајлов. Заведен во оперативна обработка 1993 година, под псевдоним Одрин.
20. Павао Вук – Павловиќ – роден во Хрватска, живеел во Скопје. Работел како редовен професор на Филозофски факултет. Формирано досие во 1956 година. Извршител на усна непријателска пропаганда. Со голем број врски во странство. Непријателско држење бидејќи во разни контакти и дискусии со граѓани во земјата и странство истапувал непријателски, не согласувајќи се со многу мерки на власта. Го напаѓал работничкото самоуправување и се произнесувал дека нема слобода. Идеолошки непријател на социјализмот.
Третиот том од едицијата „Црните страници на УДБА“ содржи лица со раз&
Пронајдете не на следниве мрежи: