Црвен Крст Берово активно ја спроведува акцијата за помош на настраданите во поплавите од скопскиот регион.Во соработка со фирмата Агромак од Берово, беше доставена помош од 30 пакти суво овошје и сув зеленчук.
Исто така, граѓаните и понатаму донираат соодветна помош во рамки на своите можности.
Сите собрани донации се доставуваат, благодарение на компанијата Зегин, која покрај своите донации овозможува и соодветен дотур на донациите до потребеното место.
Општинската организација на Црвен Крст Берово апелира до сите граѓани на Малешевијата, во рамки на своите можности да донираат, да дадат свој допринос во помагање на поплавените подрачја во скопскиот регион.
Граѓаните на општина Берово во многу наврати кога било потребно го изразиле своето длабоко чувство на хуманост и солидарност и помогнале онолку колку што можеле.
Сега е вистинско време, сите заедно да ја изразиме повторно нашата хуманост и солидарност на дело, се вели во соопштението на ЦК Берово.Во соработка со фирмата Агромак од Берово, беше доставена помош од 30 пакти суво овошје и сув зеленчук.
Исто така, граѓаните и понатаму дон