ЦРВЕН, СИН, ЗЕЛЕН И ЦРН: Зошто пасошите се прават само во 4 бои?

Пасошите се клучни документи за влегување во други земји, но дали знаевте дека тие се прават само во неколку одредени бои?Главно, пасошите доаѓаат во црвена, сина, зелена и црна боја, кои се сметаат за стандардни за овој вид патни исправи. Иако според правилата се ограничени на овие четири бои, можно е да се направат во нивните различни нијанси, изјави Грант Богосиан, потпретседател за маркетинг во интерактивната база за пасоши Passport Index.
Богосиан открива дека постојат бројни причини поради кои земјите се одлучуваат за одредени бои, а обично тоа се географски и политички мотиви.
„Членките на Европската Унија користат темноцрвена, додека државите на Кариком користат сини пасоши“ – изјавил овој експерт.
Кариком претставува организација на 15 карипски народи кои се здружени поради економска интеграција и соработка.
Некои сметаат дека бордо бојата е дел од комунистичкото минато, а дека сините пасоши се симбол на „новиот свет“ – Северна и Јужна Америка, Океанија итн.
Сепак, кај некои земји во изборот на бојата игра улога и религијата, па бројните исламски земји користат зелени пасоши поради важноста на таа боја во нивната религија. Таа претставува симбол на природата и животот.
Останатите нации бираат боја според индивидуален карактер и идентитет.
„Швајцарските пасоши се со црвена боја, додека пасошот на Турција е сменет во бордо боја со надеж дека ќе влезе во Европската Унија“ – изјави Богосиан.
Американците имаат испробано различни бои, од црвена, преку зелена, а сега и сина боја.
Сепак, при изработката на пасош, а со самото тоа и изборот на боја диктира праксата, односно често се прават пасоши кои се на располагање во одредена земја.
„Производството на пасоши е добро за контролиран процес, а го извршуваат само неколку компании во светот“ – вели овој експерт.Главно, пасошите доаѓаат во црвена, сина, зелена и црна боја, кои се сметаат за стандардни за овој вид патни исправи. Иако според правилата се огра

Пронајдете не на следниве мрежи: