Граѓаните буквално едвај дишат, а Владата на Зоран Заев и министрите на СДСМ веќе пола година кројат стратегија како да се спарават со загадениот воздух.Загаденоста е влезена во црвена фаза, но надлежните не превземаат буквално ништо.
Во ваква алертна фаза се гушат граѓаните од скопските населби и од повеќето градови ширум Македонија.
Од дозволените 50 микрограми ПМ 10 честички, има неколкукратни високи зголемувања. Така, кај Ректорат во Скопје се измерени 440 мг на метар кубен, во Битола 380 мг/м3. Енормна загаденост има и во Куманово од 337, а во Лисиче 323 микрограми/м3.
Токму аерозагадувањето придонесе да се наполнат болниците со пациенти кои се жалат на болки во грлото, кашлица. Зголемен е и бројот на деца со бронхопневмонии. Поради ширењето на загадениот воздух според податоците на Институтот за јавно здравје годишно умираат над 1000 луѓе.
Додека беше опозициска партија СДСМ жестоко ја критикуваше претходната влада поради загаденоста на воздухот. Во предизборието главното ветување кое Заев и сопартијците им го даваа на граѓаните е чист воздуг. СДСМ е на власт веќе 6 месеци, а загаденоста достигнува рекордни размери. Од “чистиот воздух“ -ништо.
Наместо конкретни мерки, централната власт молчи, а локалната власт препорачува граѓаните да си седат дома. Градоначалниците на Град Скопје и општина Карпош, Петре Шилегов и Стефан Богоев од СДСМ, мандатите ги започнаа со сечење на дрва.Загаденоста е влезена во црвена фаза, но надлежните не превземаат буквално ништо.
Во ваква алертна фаза се гушат граѓаните од скопските нас