Црвенковски го избрка Јакимовски од партијата!

Распука ситуацијата во опозициската СДСМ. Стефче Јакимовски еден од највлијателните припадници на СДСМ, реши да се кандидира за градоначалник на општина Карпош, па Црвенковски реши да го избрка од паријата, бидејќи не ја почитува неговата одлука за неизлагање на локалните избори во март годинава.
Не е прв пат Црвенковски да избрка од партија некој кој ќе му се спротивстави. Но Стевчо Јакимовски не е било кој, туку еден од четирите водечки луѓе во партијата.
Јакимовски преку партијата Српска напредна странка на Драгиша Милетиќ, реши повторно да се кандидира за  градоначалник на Карпош.
„Ваквата постапка на Стевчо Јакимовски е спротивна на одлуките на партиите од  “Сојузот за иднината“ и затоа ја сметаме за кукавички и предавнички чин. И покрај се’, во СДСМ и во здружената опозиција постои уште поголемо единство за бојкот на престојните локални избори, одлука која е исклучиво во интерес на Македонија и нејзините граѓани“, писмено се обраќаат од СДСМ.
Курир објави дека партијата на Фијат Цановски, ПЕИ, е следниот коалиционен партнер кој си објави листа наспроти идејата на Црвенковски. Драгиша Милетиќ во име на Црвенковски покажа насилство во Собранието, но пред локалните избори и тој му заврте грб.
Сепак, очигледно Црвенковски најмногу го здоболе потегот на Јакимовски. Лидерот на СДСМ е свесен дека Јакимовски со себе ќе го понесе и гласачкото тело, неговите симпатизери и тоа ќе биде дополнителен удар врз партијата.
Јакимовски во СДСМ беше еден од највлијателните луѓе, а ги напушти. Црвенковски изреволтиран од оваа негова постапка, не штеди навредливи зборови за политичарот.
СДСМ без Јакимовски ќе се соочи со уште помал број на поддржувачи. Распука тиквата во партијата на Црвенковски, кој полека, но сигурно останува сам!
Извор. КурирРаспука ситуацијата во опозициската СДСМ. Стефче Јакимовски еден од највлијателните припадници на СДСМ, реши да се кан

Пронајдете не на следниве мрежи: