Црвенковски и понатаму е без идеја во своите говори на митинзите пред народот

Политичарите преку своите говори на митинзите сакаат да допрат до народот за утре, на изборите тие да го добијат нивниот глас.
Сведоци сме на различни говори каде што едната страна ги презентира своите минати дела, како и своите идни дела, а другата страна преку својот говор се обидува емотивно да допре до народот, во полза на една напредна Македонија, без да предложи преку кои проекти и дела ќе го реализира сето тоа.
Според анализите на многуте политиколизи, за говорот на лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски, тој на своите митинзи поставува прашања без одговор, води емотивен говор за поведување на масата, дава сувопарни предлози и повеќе става акцент на тоа како поминал митингот на владеачката партија пред една седмица одржан на истото место.
Бранко Црвенковски на својот получасовен говор на митингот на опозицијата на плоштадот во Скопје, требаше да влијае и на неопределените, но не беше доволно убедлив и во најголемиот дел од говорот го опфати владеењето на Груевски и фамилијата, истакнуваат политиколозите.
Црвенковски во своите говори нема внесено свежина и нови идеи. Тоа е уште еден показател кој го потврдува она што многумина сметаат дека е време да се случи – на конгресот на СДСМ во мај, да се промени лидерската гарнитура на партијата, да дојдат нови лица, со нови идеи кои ќе ја зајакнат партијата како некогаш.
Бранко е се повеќе окупиран со помислата дека СДСМ е на овие избори за да ја бутне владеачката партија, да ја уништи сеспотијата, тиранијата, партиско-полицискиот режим кој го води ВМРО-ДПМНЕ, велат политиколозите.
Впечатокот дека опозицијата нема ништо ново да им понуди на гласачите, според познавачите на состојбите, беше потврден и во делот кога Црвенковски ги праша присутните „што да кажам, а што веќе не е кажано и што да порачам, а што веќе не е слушнато“. Црвенковски во своите говори ги истакнува економските проблеми во државата, но не дава никакво решение за нив, доколку го добие гласот на народот, на престојните избори. Опишувањето на народот како уплашен и понижен од Груевски, забележуваат аналитичарите, е исто така повторена и веќе слушната реторика. Kрајот на говорот на Црвенковски донесе и порака дека парламентарни избори мора да има.„Одважи се, одлучи се! Пружи рака и земи ја! Нашата победа за нашата Македонија! – заврши Црвенковски. По ова, говорот беше еден од редицата говори на политичарите кои ги критикуваат состојбите и владеењето на конкурентите и на емотивно ниво се обидуваат да се сврзат со гласачите во условно земено „борба за подобра иднина“.Политичарите преку своите говори на митинзите сакаат да допрат до народот за утре, на изборите тие да го добијат нивни

Пронајдете не на следниве мрежи: