Невработеноста во Македонија по нејзината независност претставува голем проблем, на секоја партија која ќе дојде на валст. Но, некои, на оваа предизборна кампања ги користат невработеноста и сиромаштијата како изборни адути, пишува Дневник.
Македонија е на европскиот врв по процентот на невработеност. Официјалната невработеност од 32 отсто не прави неславни рекордери, тврдат социјалдемократите обвинувајќи го за тоа „режимот“ на Груевски
Сиромаштијата и невработеноста отсекогаш биле болна тема за граѓаните во Македонија. Тоа е проблем кој ги мачи со години, а опозицијата не испушта на секое свое обраќање да ги спомне овие проблеми како свои клучни адути за изборната кампања, а со тоа да си игра со чувствата и емоциите на граѓаните.
Според опозицијата, во Македонија откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт има висока стапка на невработеност. Актуелната политичка гарнитура има што да врати – во време на владеењето на нивните опоненти бројките биле слични или полоши.
Иако економистите немаат дилеми дека ова се проблеми што бараат сериозни економски решенија, а не празни ветувања, се согласуваат дека опозицијата сега напаѓа со адути што во нивно време не дале резултати, а со тоа свесни или не одат сами против себе.
„И навистина, што ново да ви кажам, а што вам и на секој друг граѓанин во оваа земја не му е веќе одамна добро познато!?… И на крајот на краиштата зарем на сиромашните, на невработените, на социјалците треба да им се кажува колку им е тешко и каков живот живеат“, рече Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ на митингот на опозицијата на плоштадот во Скопје.„Македонија е на европскиот врв по процентот на невработеност. Официјалната невработеност од 32 отсто н` прави неславни рекордери, и режимот на Груевски, наместо, како што вети, да испорача сериозна политика на економски развој што ќе отвора нови работни места, се одлучува проблемот на невработеност да го реши со пиши-бриши политика, со бришење од евиденција на огромната армија невработени“, изјави пратеничката Весна Бендевска, кога во времето на отпорот протестираа пред Министерството за труд и социјална политика.Ставот на ВМРО-ДПМНЕ на нејзината изјава беше:„Опозицијата денеска ја згрешила локацијата за истурање на револтот против сиромаштијата. Наместо пред зградата на Министерството за труд и социјална политика, треба да протестира пред канцелариите на Бранко Црвенковски. Во негово време се создадоа стечајците како социјална категорија, а 200.000 луѓе останаа без работа и речиси уште толку семејства на работ на егзистенцијата. Само за потсетување на Бендевска, рекордната стапка на невработеност беше достигната во време на СДСМ, кога таа изнесуваше цели 39 отсто. Во време на СДСМ работничките права беа брутално кршени“.
Според Државниот завод за статистика во првиот квартал од 2012-та година стапката на невработеност била околку 31 отсто, додека пак во последниот квартал од истата година е 30, 6 отсто, што покажува дека се намалила за 2, 6 отсто.
По години, според Народната банка на Македонија, највисока невработеност имало во 2005 година, кога е измерена стапка од 37,3 проценти.„Македонија шест години живее во судир со реалноста, од другата страна на нормалното, системски и опасно се изместени сите стандарди, критериуми, принципи и мерила во општеството. Самата вистина е тешка и катастрофална зашто ние сме земја што тоне во сиромаштија и мизерија, земја на невработени“, рече Црвенковски на митинг во Неготино.„Во 1994 година стапката на сиромаштија изнесувала 9 проценти, кога Црвенковски ја напушти власта во 1998 година, таа се зголемила за цели 11,7 и изнесувала 20.7 проценти. Kога повторно Црвенковски се враќа на власт во 2002 година, има покачување на сиромаштијата. Па во 2003 година таа изнесува 30.2, а во 2005 година таа е 30 проценти. Ова се годините кога немаше светска криза, а додека Македонија со СДСМ назадуваше, целиот регион одеше напред“, е реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата за сиромаштијата.Според официјалните статистички податоци, сиромаштијата се зголемува по години, а најголем раст е регистриран во 2002 година. Стапката на сиромаштија во 2012 година е 30,4 проценти и бележи пад споредено со 2009 година, од времето на светската економска криза, пишува Дневник.Невработеноста во Македонија по нејзината независност претставува голем проблем, на секоја партија која ќе дојде на ва
Пронајдете не на следниве мрежи: