Цуцуловски – ЈАЗОЛ

И сто стапа, врз туѓи плеќи, се малку. Секогаш е така кога се работи според принципот „Сега му е мајката!“ Односно, кој ушиќари – ушиќари. За другите, мање битно. На прес конференција, во присуство на бугарскиот амбасадор во Република Македонија, вицепремиерот Бујар Османи изјави дека сега се решавало највиталното прашање на државата, не кажувајќи ништо за цената што треба да се плати, како и кој ќе ја плати.
Притоа, замоли новинарите да не поставувале накнадни прашања, бидејќи би можеле да го комплицираат процесот. Сепак, останува нејасно дали Османи, како и сите кои се подготвени да платат било која цена само да се влезе во ЕУ и НАТО, не би поставувале прашања и би биле согласни на се (вклучувајќи ја и промената на нивното име, јазик, традиција, место на живеење…) само затоа што се работело за многу високи цели и ако, притоа, ништо конкретно не им се каже кои се целите и што би добиле со нивното остварување.
Исто толку битно е и прашањето дали после прифаќањето на поставените услови постојат цврсти гаранции за она што треба да се оствари – како што е, на пример, влезот во ЕУ, и кога би се остварил: идната година, задидната година или, можеби, во некое неодредено некогаш, макар тоа некогаш било и никогаш, бидејќи (можеби?) единствено е битно да се смени името, јазикот, историјата, па потоа нека биде што ќе биде. Конечно, лесно е кога друг го плаќа цехот за остварувањето на нечии бизарни желби.

Пронајдете не на следниве мрежи: