МАКЕДОНИЈА И КУЛАТА ВАВИЛОНСКА. Интересен е старобиблискиот мит за Кулата Вавилонска. Може да се чита/толкува на повеќе начина. Сe зависи од кој агол/позиција се толкува. Впрочем, познато е дека не постои еднозначно читање/егзегеза на Библијата, макар што нејзината содржина е една.МАКЕДОНИЈА И КУЛАТА ВАВИЛОНСКА. Интересен е старобиблискиот мит за Кулата Вавилонска. Може да се чита/толкува на повеќе начина. Сe зависи од кој агол/позиција се толкува. Впрочем, познато е дека не постои еднозначно читање/егзегеза на Библијата, макар што нејзината содржина е една.
Откако Бог ги создал Адам и Ева, луѓето набргу се намножиле по земјата. станавајќи лоши: „И виде Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето на земјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време. И се покаја Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое.“ (1. Мој. 6, 5-6.)
Затоа, одлучил да пушти потоп на земјата и сe да уништи, што претходно беше создал. Од луѓето, единствено го спасил Ное и неговото семејство, бидејќи биле чесни. Откако завршил потопот, му рекол Бог на Ное и на синовите негови „Плодете се и множете се, и полнете ја земјата…“ (1. Мој. 9, 1.). И, повторно, се населила земјата и по „… целата земја имаше еден јазик и еден говор.“ Но, еден ден, луѓето си рекле „Сега да соѕидаме град и кула, висока до небото.“ Кога дознал дека и тие сакаат да се издигнат до небото, рекол: „Ете, еден народ се сите и сите имаат еден јазик… Ајде да слеземе и да им го збркаме јазикот нивни за да не се разбираат еден со друг… И така Господ ги растури оттаму по целата земја, и престанаа да го ѕидат градот и кулата.“ (1. Мој. 11, 6-7.)Едно од м о ж н и т е толкувања на митот е дека човештвото, заради неумереноста и непослушноста т.е. желбата да се издигне до Бога – значи, да стане како него – казнето е и поделено е на различни народи и јазици, за да не можат да го изградат она што го наумиле – кулата/градот/државата.
Во Македонија, сe поизвесно, се воведува повеќејазичност. Поконкретно, двојазичност. Секоја сличност со митот, се надевам, е случајна – дека Македонија, имено, се казнува заради нејзината „непослушност“, односно заради „грешноста“ и „лошотиите“ што ги направила. Но, едно е надежта, друго е стварноста.
Извор: Фан страната на професор Цуцуловски. Ја следите ли?