Мирослав Грчев е само метафора на професорОВА НЕ Е МЕТАФОРА. Човек учи додека е жив. Потоа, учи дека не требало да учи. Но, џабе му, бидејќи веќе го нема – умрел, па и да сака да учи не може да учи дека не требало да учи. Како и да е, како жив човек, предмалку – нема ни сат време – многу нешта научив. Помеѓу другото, научив дека кога некому ќе речеш дека е кретен не си му рекол дека е кретен, бидејќи тоа било метафора, уметничко изразување, кое како такво треба да се прифати. Значи, треба да се прифати како метафора. Од овој основен заклучок, дојдов до многу други инспиративни заклучоци. Така, кога некого ќе удриш, ти не си го удрил, туку тоа било само метафора. Кога нешто ќе украдеш или некого убиеш, ти ништо не си украл, уште помалку некого си убил, бидејќи сѐ е тоа метафора. Значи, крадете и убивајте, вреѓајте и фулгаризирајте колку ви душа сака, бидејќи сите тие нешта се само метафори. И Хитлер, заедно со своите нацисти, кога другите, поинаквите од нив, ги носеа во гасни комори, не ги носеа во гасни комори, бидејќи и Хитлер, како и секој надпросечен интелектуалец, се однесувал метафорично. Тој, само како метафора, ги требел Евреите, Словените, Ромите, Поинаквите. Сето ова, почитувани, го научив од професорот Мирослав Грчев, кој е само метафора на професор, бидејќи ништо на овој свет не е ништо друго освен една гооолема метафора! Дури ни карикатурата не е карикатура, ниту е карикатура на карикатурата. Не, и таа е метафора.
Единствено грдоста – грдоста на духот и умот – не е метафора. Единствено само грдоста останува тоа што е – грдост во сета своја грдотија! И ова, верувајте, не е метафора. Ова е грдоста на грдоста.
P.S. Кој не верува во претходното нека ја погледа емисијата на Васко Ефтов, чиј гостин беше метафората наречена Мирослав Грчев.
P.P.S. Емисијата може да се погледа на https://www.youtube.com/watch?v=fx-pY_wCzj0ОВА НЕ Е МЕТАФОРА. Човек учи додека е жив. Потоа, учи дека не требало да учи. Но, џабе му, бидејќи веќе го нема – умрел, па и да сака да учи