АПОЛОГЕТИ И ОСУДУВАЧИ. Најголемиот дел од најстрасните осудувачи на насилствата и нередите што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија, во исто време се најголемите и најстрасните апологети на насилствата и нередите; на убиствата и хаосот; на војната, наспроти мирот. Најголемиот број од нив ништо не кажува за она што беше 2001 година. Говорат за насилен упад во Собранието и за навлегување во неговите простории; говорат како насилниците носеле фантомките на главата и како нанеле телесни повреди на некулмина пратеници. Говорат дека меѓу насилниците имало криминилаци и луѓе со сомнително минато. Говорат и осудуваат. Говорат и осудуваат со право, бидејќи никој не смее да ја земе правдата во свои раце и да врши насилства врз граѓаните. Тоа е работа на институциите.
Меѓутоа, овие осудувачи на насилието со ниту еден потег или глас не ги осудија настаните од 2001 година. Тогаш, врз Република Македонија, беше извршена брутална инвазија од секакви насилници и терористи, според оценката на Џорџ Робертсон, тогашен генерален секретар НАТО. Инвазијата беше извршена и од соседно Косово. Но, за тоа насилие молчат, како да ја загубиле моќта за говор. Молчат за стотината загинати и киднапирани граѓани, чија судбина, барем на некои од нив, и понатаму е непозната. Молчат за Карпалак, ниту некогаш им текнало да го посетат тоа место и, на тој начин, да им одадат барем симболична почит на убиените. Молчат за Вејце, како и за запалениот манастир во селото Лешок. Молчат за реселените од Арачиново, кои и сега не можат да се вратат во своите домови – барем така е со најголемиот број од нив. Молчат за фактот дека луѓето што што ги чинеа овие недела делуваа од секаков вид оружје, облечени во маскирни униформи и со фантомки на главите. Молчат за работниците од „Маврово“ врз чии тела се уринираше и се гасеа цигари. Не отишле, уште помалку помислиле да ги посетат семејства и децата на Боге Илиески и Светислав Трпкоски, кои на 29.08.2001 година, ден после Голема Богородица, без заврзани за столбовите од угостителскиот објект „Бриони“, а нивните тела беа разнесени. Се знае кои луѓе беа на командни места во тоа време, како шо се знае и на какви функции се сега истите команданти. Голем дел од нив се на власт, додека еден од нив се предлага да биде претседател на Собранието, сеедно што бил дезертер и командант на ОНА. Во САД, на пример, на дезертерите единствено им е дозволено да одат со наведнати глави и презирани сограѓаните. Во Република Македонија дезертерите, терористите и припадниците на паравоените единци се предлагаат и се избираат на челни функции: еднаш министер за одбрана, сега за претседател на Сонранието.
Неосудувајќи ги насилствата и насилниците од 2001 година, а осудувајќи ги неодамнешните насилства во Собранието, овие персони од најголеми „осудувачи“ на насилието се преобразуваат во негови најголеми апологети/бранители, бидејќи, според нив, селективното осудување на насилието е толку финo, модернo и демкократскo , како што е фино и демкократски да се „бориш“ за индивидуалните човекови права, додека, во исто време, да се залагаш за колективни етнички права, непознати во ниту една современа и цивилизирана земја. Значи, од една страна овие суштества се космополити, а од друга страна апологети на најстрасните националистички барања. И, наместо овие ирационални апологети да замолчат, тие уште повеќе го креваат гласот, поставувајќи асиметрични и за здравиот разум несфатливи паралели помеѓу едно и некое друго насилие. Изгледа дека на помодарството, слепилото и бесчувствителноста им нема крај, како што и нема крај на срамот што го нанесуваат. Се чини дека хипокризијата станува трајна состојба во Република Македонија, барем за дел од нејзините граѓани. Тоа е таканаречената духовна и политичка елита. Другите можат слободно да цркнат/рикнат, само на елитата да не ѝ се наруши мирот, како и сликата што ја создале за себе. Тоа се, еднставно, без-образ/н/и суштества.Најголемиот број од нив ништо не кажува за она што беше 2001 година. Говорат за насилен упад во Собранието и за навлегување во неговите простории;