„Бороваја матка/матерница“ (брдска –шума, кралица-мајка; лат.Orthilia secunda) е чудотворна билка која расте во пределите на западен и источен Сибир, Украина, Белорусија и на некои други области од овој дел на светот, а за кои Русинките веруваат дека ги лекува сите женски болести.Името на билката всушност ги опишува својствата кои ги забележале древните билкари.
Интернет форумите се преполни со коментари во кои жените тврдат дека оваа билка им помогнала, дури и тогаш кога конвенционалната медицина не покажала успех.
„Бороваја матка направи чудо. Откако имав спонтан абортус, сопругот и јас седум години чекавме бебе. Лекарите не можеа да ни помогнат, а причината не можеше да се пронајде. Пиев чај од бороваја матка и на 37 години станав мајка на прекрасно девојче…“
„Имав ендометриоза и миоми, лекарите ми советуваа да се оперирам…Пиев чај од бороваја матка и при контролата докторите останаа во шок – миомите беа исчезнати, ендометриоза повеќе немав…“
Тоа се само некои од примерите во кои Русинките сведочат по форумите дека оваа билка им помогнала и во голем број случаи била спасоносна.
Како и да е, Бороваја матка веќе со векови се користи во руската народна медицина, и се верува дека лекува барем 40 болести. Има противвоспалително, антиканцерогено и антимикробно делување. Претставува добар аналгетик и диуретик.
Се користи за лекување на стерилитет, ендометриоза, адхезии, полицистични јајници, менструални пореметувања или болни менструални цикулуси, фиброми, миоми, воспаление на јајници и ги ублажува сите други воспалителни процеси во урогениталниот тракт, регулира хормонален дисбаланс… особено помага при циститис, а делотворна е и за зараснување на рани, лекување хемороиди…освен тоа, лекува и имунитет…
Од Бороваја матка се приготвуваат чаеви и тинктури, а исто така, честа состојка е и во бројни билни мешавини. Многу често се меша со уште една руска билка – Краснаја шетка (корен од „црвена четка“), која исто така е многу ефикасна при гинеколошки тегоби.
Ако се консумира правилно, контраиндикации, како што тврдат билкарите, речиси нема, освен во поедини случаи можна е индивидуална пречувствителност. Сепак, чајот од бороваја матка би требало да се пие умерено, внимателно и со паузи.Името на билката всушност ги опишува својствата кои ги забележале древните билкари.
Интернет форумите се преполни со коментари во кои женит