ЧУДЕСНА СИЛА НА ВОЛЈАТА: Тајната на девојчето кое преживеа пад на авион!

Седумгодишното девојче, кое го преживеа падот на авионот во Кентаки и покрај бројните повреди успеа да пронајде помош. Сејлор Гацлер вели дека во тоа успеала благодарение на лекциите за прежувување кои ги научила од својот татко.Сејлор Гацлер (7), е единствениот преживеан патник во семејниот авион кој се урна во тешко пристапен предел во западен Кентаки. При падот загинаа нејзините родители, сестра ѝ и уште една нејзина роднина.
Храброто девојче излегло од уништениот авион, запалило гранка од дрво од огнот од опожарениот авион и потоа се упатила во ноќта и покрај тоа што обилно крварело и имало повеќе скршеници.
Според нејзините зборови, таа пешачела повеќе од еден километар низ мрачната шума, сѐ додека не дошла до првата куќа каде што добила помош.
Нејзиниот татко Марти Гацлер (48), пилотирал со авионот во сурови временски услови, а пред несреќата побарал помош.
Четириесет минути откако авионот го изгубил контактот со контролата за летање, локалната полиција примила дојава од Лари Вилкинс кој велел дека пронашол девојче кое тврдело дека преживеало авионска несреќа, во која нејзините родители загинале.
Вилкинс раскажал дека девојчето кое дошло до неговата куќа имало лесна облека на себе иако температурата изнесувала само 4 степени и дека на нозете имало само еден чорап.
-Девојчето ми раскажа дека се обидело да ги разбуди родителите пред да го напушти местото. Таа е борец, мислела само како да пронајде помош за да им помогне на своите родители, изјавил полицаецот Брент Вајт.Сејлор Гацлер (7), е единствениот преживеан патник во семејниот авион кој се урна во тешко пристапен предел во западен Кентаки. При падот загинаа н

Пронајдете не на следниве мрежи: