Чудесната моќ на ‘ртулците

Најдобри резултати за превентивата и надминување на разни здравствени проблеми се постигнуваат користејќи ги во исхраната про'ртените пченични зрна. Пченичните зрна, за разлика од останатите  житни култури покажале најдобри резултати откако про'ртеле. Биополето на пченичните зрна содржи многу добра “колективна структура” која се должи на особеностите на самото зрно при 'ртењето. За време на 'ртењето  пченичните зрна влијаат едно на друго, се дополнуваат и меѓусебно се стимулираат.
Резонансно-брановите структури на про'ртените пченични зрна ги стимулираат резонансните структури на клетките на човековиот организам и тие стануваат здрави. Забележано е дури ,ако про'ртената пченица ја ставиме врз болното место на човековото тело, болката се намалува и лекувањето станува поефикасно.
Сите овие чудесни ефекти на про'ртената пченица треба да ги провериме на себе и тогаш ќе се определиме, да ли ќе ги користиме или не.
Про'ртените пченични зрна  претставуваат совршен прехранбен производ кој се состои од мноштво живи клетки – лечители. Кај сите луѓе, независно да ли се здрави или имаат некој здравствен проблем, овие живи клетки ги регулираат и хармонизираат функциите на сите органи,  создавајќи  рамнотежи во организмот  и на тој начин  го овозможуваат здравјето.

 Редовното консумирање на свежи про'ртени пченични зрна помага во санирањето на скоро сите болести со тоа што:
1. Ја регулира размената на материите на ниво на човековите клетки.
2. Го подобрува имунитетот.
3. Ја стабилизира нервната, ендокрината, крвоносната, лимфната, системата за варење на храната, респираторната, системата за исфрлање на отпадоците, терморегулационата – кожата, репродуктивната и другите помали системи.
4. Овозможува исчезнување на новооформените бенигни и малигни формации, полипи, липоми, фиброми и други.
5. Помагаат да се отстранат сите насобрани отпадни материи од организмот.
6. Ја збогатува крвта со кислород.
7. Ги отстранува сите воспалителни процеси.
8. Ја регулира микрофлората во цревата.
9. Ги неутрализира навлезените токсични супстанци во телото, како што се : хемиските отрови, радионуклеиди, јони на тешки метали, како и биогените загадувачи – разни вируси.
10. Го намалува прекумерниот холестерол.
11. Ги заздравува ноктите, косата добива природна боја и густина.
12. Ја подобрува бистрината на видот.
13. Го подобрува чувството за вкус.
14. Ги зацврстува забите, забниот емајл и коскеното ткиво.
15. Делува благотворно на сите рани и ги намалува создадените отоци.
16. Ја подобрува еластичноста на мускулите и ја подобрува координацијата на движењата.
17. Ја подобрува подвижноста на екстремитетите и ја зголемува издржливоста на организмот.
18. Помагаат да се воспостави хормонската рамнотежа кај жените и мажите.
19. Ја намалува можноста за дебелење, како на целото тело , така и на поедините делови на телото.
20. Делува корисно и кај тешките заболувања како што се: разните малигни тумори, полиартритисот, енцефалитисот, исхемична болест на срцето – ангина пекторис, тромбофлебит, зголемен крвен притисок, астма, разни улкуси, туберкулоза, воспаление на белите дробови, диабетесот, одлепување на ретината, машки и женски стерилитет, појава на камен во разни органи, алкохолизмот, екцемите и псоријазата.
21. Корисно делува и кај запекот, хемороидите, несоницата, хроничните главоболки, хроничен умор и синузитисот.

Про'ртената пченица многу бргу го заситува организмот, така да се надминува можноста од прејадување.
Присуството на ферменти, витамини, микроелементите и брановиот спектар не само што овозможува нивно лесно вградување во клеткината структура, но попат помага, системата за варење  и искористување на храната да работи оптимално.
Целулозата од про'ртените зрна (пченичните или од мешункастите растенија) не се вари и искористува во организмот, но таа овозможува со своето набубрување да ги упие сите вишоци од киселини, алкалии, отрови и други штетни материи и да ги исфрли преку дебелото црево вон организмот.
Во домашни услови се подготвуваат на следниов начин :
Одбраните цели и здрави зрна, кои не се третирани со хемикалии и кои не се постари од една година, се мијат и ставаат во прозирна тегла. Се наливаат со вода до горната површина. После 8-10 часа се исфрла водата. Потоа се мијат и влажни ставаат  во тацна или чинија. Се додека не про'ртат  редовно се навлажнуваат. После два дена на зрната се појавуваат мали бели 'ркулци и зрната можат да се консумираат. Најдобро е кога се консумираат третиот ден, бидејќи тогаш содржината на корисните компоненти е највисока. Третираните зрна кои не про'ртеле треба да се отстранат и не треба да се консумираат.Пченичните зрна, за разлика од останатите  житни култури покажале најдобри резултати откако про'ртеле. Биополето на пченичните зрна содржи мно

Пронајдете не на следниве мрежи: