Чудесно, ја победила парализата: не дишела, трепкала, зборувала!

Во три дена од здрава девојка станала неподвижна, зависна од респиратор. Живеела така пет месеци. Постојано трпела болка бидејќи нервите праќале погрешни сигнали во мозокот.Студентката Рејчел  Бејли (20) од Велика Британија лежела во болнички кревет пет месеци. Врескала во себе од болка и очајувала, но никој не ја слушал. Била потполно парализирана иако три дена претходно била целосно здрава. Не можела самостојно да диши, зборува  ниту да трепка. Таа ноќ во октомври минатата година забавата со пријателите почнала да се претвора во нејзин најголем кошмар, на таа тоа се уште не го знаела. Почуствувала трнење на нозете, но не обрнувала внмание верувајќи дека за тоа се виновни новите чевли.

Тоа биле првите симптомина невролошко пореметување, Гулијан-Бер синдром кој погодува едно до две лица на 100.000 лица. Следното утро по будењето имала болки во грбот и нозете ѝ трнеле, но мислела дека е тоа поради мамурлукот  бидејќи минатата ноќ прилично се напила.
Следниот ден дознала дека е болна, кога не можела да ги помрдне нозете. Ја одвеле во болница. Пореметувањето, во кое имунолошкиот состав го напаѓа периферниот нервен состав, во нејзиното тело земало замав. Точната причина за ова пореметување не е позната, а докторите веруваат дека го поттикнува  инфекција која го активира имунолошкиот систем па тој почнува да ги напаѓа завршетоците на нервите. Симптомите обично се појавуваат две до четири недели по инфекцијата, најнапред во рацете и нозете.

 
Психички, Рејчел била на работ, била премлада да остане вака сурово прикована за креветот. Исто така, трпела постојани болки бидејќи нервите ѝ праќале погрешни сигнали во мозокот. Но, еден ден „се појавила светлина на крајот од тунелот“, почнала да ѝ се враќа способноста за движење на мускулите. Најпрвин се подобриле мускулите на лицето, па рамената, рацете, па на крај нозете. Денес оди без ничија помош, се присетува на ужасот во кој живеела и благодарна е на чудесното закрепнување.
„Беше нормално денес се, мало трнеење во нозете, болка во грбот, мислев дека е тоа од мамурлакот. Но, следното утро ме фати паника бидејќи нозете ми беа во таква состојба што едвај станав од кревет. Првите зборови  ми беа „Благодарам“ упатени на медицинскиот персонал и „Ве сакам“ на моето семејство“, вели Рејчел.

„Ќе звучи чудно, но можеби сум и среќна што ми се случи ова бидејќи го променив погледот кон животот, на подобро. Сега многу го ценам  она што го имам и на секој нов ден гледам како на дар“, додава смеејќи се.
Тим од 50 члена на медицински персонал во Кралскиот медицински центар во Нотингем бил вклучен во нејзиното чуденсо закрепнување. И тие се присетиле како во рок од три дена од здрава девојка дошла во состојба да мора да биде зависна од респиратор.
„Претрпе многу болка и мина низ  разни терапии за да закрепне. Убаво е да се види како добро изгледа Рејчел денес. Беше тешко, но таа храбро го поднесе“, вели еден од нив.Студентката Рејчел  Бејли (20) од Велика Британија лежела во болнички кревет пет месеци. Врескала во себе од болка и очајувала, но никој не ја

Пронајдете не на следниве мрежи: