четврток, 12 ноември 2026
Најново

Чудесно растение лечи се` освен смртта

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Станува збор за една од најрано култивираните билки од историјата на човештвото.Здравствените ефекти од ова растение го употребувале најголемите исцелители како што се Хипократ или Ибн, но и големите цивилизации како Грците, Римјаните и Арапите, а спомнато е и во многу религиски списи.
Чорокот (црн ким) во последните 40 години е детално проучуван од страна на научниците и објавени се околу 400 научни студии на тема: чорок и неговите активни состојки.
Овие студии покажуваат дека црниот ким благотворно делува на разни болести и заболувања, како што се: астма, алергии, замор, автоимуни заболувања како што се ревматскиот артритис и псоријазата, повишено ниво на маснотии во крвта, шеќерна болест, хемороиди, проширени вени, висок крвен притисок, бактериски, гливични и паразитски инфекции, главоболки, егземи, лишаи, акни, бронхитис, кашлање, воспаление на белите дробови, синуси, ослабнат имунитет, болки во зглобовите и мускулите, гастритис, кандида, надуеност, дијареа, колика, заболување на црниот дроб, камен во бубрегот, несоница, депресија, слаба циркулација, ПМС, тумори и сл.

 
Одговорот лежи во хемискиот состав на неговите семиња, кои содржат преку 100 биолошко-активни супстанци кои меѓусебно се надополнуваат и помагаат во лековитото дејство, што доведува до еден вид на функционален синергизам (зголемено дејство).
Во овие активни супстанци спаѓаат: омега-3 незаситени масни киселини, витамини В1, В2 и В6, витамин С, витамин Е, нигеллон, горката супстанца нигеллин, тимокинон, сапонин мелантанин, бета-ситостерин и многу други.
Маслото од чорокот го јакне имунитетот
Неговото дејство не се ограничува на одредени органи, туку го опфаќа целокупниот организам преку имунолошкиот систем. Маслото од чорокот е имуномоделатор, тоа ги регулира функциите на имунолошкиот систем – едед од начините е да го стимулира растот на лимфоцитите Т и В.
Ослабениот имунитет може да се препознае по следните симптоми: чести инфекции и воспаленија, слабост, исцрпеност и замор, губиток на тежината, чести главоболки. Кај наведените симптоми земајте масло од црн ким 2 пати на ден, по една супена лажица. Најдобро е да се зема 15-30 минути пред јадење.
За превенција, т.е. како подготовка на организмот за потенцијално исцрпувачки период (на пример, пред сезоната на грип), доволно е да се зема 1 супена лажица (или 2 лажички за чај – наутро и навечер) дневно, најдобро е да се земаат пред 15-30 минути пред јадење.

Чорокот и карциномот
Научниците од Kimmel Cancer Center во Филаделфија, открија дека тимокинонот, една од состојките на чорокот, го запира растот на клетките на туморот кај карциномот на панкреасот и ги уништува при процесот на апоптоза (програмирана смрт на клетките).
Во таа смисла, тимокинонот како хемопревентивно и хемопротективно средство може да им помогне на пациентите кои одат на хемотерапија, како и на лицата кои се високоризични за карцином.
Сојузната управа за контрола на лекови и храна на САД, во 1996 година ја одобри употребата на маслото на чорокот во третманите за канцерогени болести за превенција на несаканите ефекти од хемотерапијата и јакнење на имунолошкиот ситем на организмот.
Доколку се земаат по 2-3 супени лажици од маслото на чорокотот на ден (15-30 минути пред јадење), ќе се намалат несаканите последици од хемотерапијата, а телото ќе се поттикне да ја зајакне сопствената способност на самоодбрана.
Исто така се препорачува и за лицата кои се ризични за добивање на карцином (семејна историја за болеста и можен наследен фактор) превентивно да консумираат масло од црн ким и тоа по 1 супена лажица на ден.
Важно е да се знае дека до потполно делување на маслото од чорокот ќе дојде дури по 4-12 недели на редовно консумирање.
Здравствените ефекти од ова растение го употребувале најголемите исцелители како што се Хипократ или Ибн, но и големите цивилизации како Грците, Ри

Поврзани вести