Чудо кое го запрепасти светот: Научниците создадоа бебе без мајка!

Тим истражувачи успеале во Велика Британија да создадат ембрион во лабораторија без користење на јајце-клетка.Научниците на универзитетот Бат во Англија, успешно создадоа ембрион од глушец со употреба на сперматозоид и клетка од кожа.
Овој неверојатен експеримент, како што пренесуваат медиумите, мајките ќе ги направи непотребни или на жените ќе им овозможи раѓање без јајце-клетки.
Без употреба на јајце-клетки, научниците успеале од обична клетка и сперматозоид да развијат ембрион. Овој пионерски потфат би можел да доведе до тоа мажите да добиваат бебе без учество на женски гени, како и жените на свет да донесуваат деца иако се стерилни.
Д-р Тони Пери, водач на тимот и молекуларен ембриолог, вели дека оваа процедура довела до раѓање на здрави глувци.
„Ова е прв пат некој да докаже дека комбинацијата од сперматозоиди и женски јајце-клетки не е единствената која може да доведе до потомство. Досега беше потребна јајце-клетка оплодена со сперматозоид за целосен развој на цицачите“ – рече тој.
Геј мажите би можеле да ја искористат оваа техника за добивање потомство кое нема да има генетски одлики на сурогат мајка, туку само микс на генетски карактеристики на двајцата партнери.
Резултатот од истражувањето кое беше опишано како научно изигрување на Бог, објавено е во журналот „Nature Communications“.
При експерименти со глувци, научниците добиле 30 единки со процент од успешност од 24%. Добиените единки биле здрави и имале сопствено потомство.Научниците на универзитетот Бат во Англија, успешно создадоа ембрион од глушец со употреба на сперматозоид и клетка од кожа.
Овој неверојат

Пронајдете не на следниве мрежи: