Чудо на природата кое не престанува да ги привлекува туристите

Необична природа каква што ретко може да се види.Плажата Панџин во покраината Лиаонинг на североистокот од Кина е најголемото мочуриште во државата. 
Панџин е “дом” на реткото растение Suaeda, кое за разлика од останатите билки му е потребно солено земјиште за да опстане. На лето, оваа билка е зелена па затоа плажата не се разликува многу од другите краеви на планетата. Меѓутоа, кога билката ќе почне да созрева на есен, листовите добиваат црвена боја, сè додека не станат пурпурни.

Како последица на тоа, 132 квадратни километри се претвораат во темноцрвен “тепих” кој се простира до каде што достигнува погледот, па затоа не е ни чудно што овој преубав призор мами голем број на туристи ширум светот.
Иако делува пусто, црвената плажа има богат и разновиден животински свет – таа е дом на 260 различни видови на птици, вклучувајќи го и загрозениот јапонски жерав, како и 400 различни видови на диви животни.
Плажата Панџин која се наоѓа во заштитен природен резерват во делтата на реката Лиаохе, секоја година ја посетуваат илјадници туристи.
 
Плажата Панџин во покраината Лиаонинг на североистокот од Кина е најголемото мочуриште во државата. 
Панџин е “дом” на рет

Пронајдете не на следниве мрежи: