„ЧУДО“ ОД БИЛКА: Направете си регенератор за МАСНА и ТЕНКА коса

Благотворните својства на оваа билка одамна им се познати на сите. Рузмаринот поседува етерични масла, танини, гочливи материии флавони кои се одличен лек за организмот. Во кујна се користи како зачин, а во козметиката како состојка во шампоните и маслата за тело.Тенката коса побргу се масти и се лепи за кожата, па таа глетка е непријатна и неуредна. Во тој случај потребно е да ја зајакнете косата. Рузмаринот ја прави косата посјајна ја храни и зајакнува, се борив против првутот и губењето на косата. Оваа билка не само што ќе ја направи вашата коса неверојатно мека, туку ќе го стимулира и нејзиниот раст. Направете сами неверојатно корисен регенератор за масна коса. За вас подготвивме 2 проверени рецепти кои ќе ви овозможат совршени резултати.
1. Регенератор за тенка и масна коса од билки
Состојки:
1 мала лажичка рузмарин
1 мала лажичка камилица
1 мала лажичка коприва
100 мл вода
1 лажичка јаболкв оцет
Подготовка:
Помешајте ги овие билки и прелијте ги со врела вода. Додадете јаболков оцет и сето тоа нека отстои 10 минути па потоа процедете. После миењето на косата оваа течност вмасирајте ја во косата. Немојте да ја измивате. Наесто камилица и коприва, можете да употребите и мајчина душичка во еднаква количина.

 
2. Mаслен лек за масна и тенка коса.
Доколку сакате да и објавите војна на тенката и масна коса, овој лек е вистински непријател во борбата против несовршеноста. Шансите за успех се добри доколку овој лек се применува еднаш неделно.
Состојки:
40мл рицинусово масло
20мл маслиново масло
10г рузмарин
10г листови коприва
Подготовка:
Сите наведени масла помешајте ги, билките ставете ги во сад со заоблено дно и прелијте ги со маслото. Промешајте, затворете и оставете да отстои 2 дена. Потоа процедете. Насете на косата и кожата, завиткајте со фолија или најлонска ќеса , па потоа во пешкир и оставете да делува 2 часа. Измијте ја косата со шампон. Можете да направите поголема количина од ова лековито масло за вашата коса.
Совет: Наведените лекови за коса, потребно е да ги нанесете рамномерно во должина на прамените, од коренот до врвот. Трудот секако ќе ви се исплати. Косата ќе ги упие делотворните состојки и ќе стане поздрава. Тенката коса побргу се масти и се лепи за кожата, па таа глетка е непријатна и неуредна. Во тој случај потребно е да ја зајакнете косата. Рузмарино

Пронајдете не на следниве мрежи: