ЧУДО ОД ДЕТЕ: 3 годишно дете побeгнало од градинка, пешачeло 2,5 километри и…

Каин Трејнор (3) одлучил првиот ден во градинката „Little Owls“, во Мидсброу во Англија да ги напушти своите пријатели и сам да се врати дома.Додека неговите другари се играле, Каин ја напуштил градинката. Тој ден Каин бил преместен од една во друга градинка, бидејќи трошоците биле многу поевтини отколку во претходната. Тој нов простор и новото друштво не му одговарале на Каин.
Кога персоналот забележал дека го нема, веднаш ја известиле неговата мајка Гема (31).
„Ми падна мачнина, нема зборови да се опишат како се чувствувате кога ќе се случи толку страшна работа која во потполност е надвор од ваша контрола. Истрчав во градинката, кога стигнав таму, сите беа уплакани“, рекла мајката на момчето.
Каин бил исчезнат 40 минути, а потоа се случило нешто прекрасно , но потполно неочекувано.
„Воспитувачот дојде до мене и ми рече дека не знае што се случило. Потоа по неколку секунди ми заѕвоне телефонот, соседот и рече дека Каин е дома. Почнав да плачам. Почувствував големо олеснување“, додала Гема.
Мајката има објаснување за она што многумина ги изненадило.
„Повеќето деца би плачеле и врескале, но тој сигурно помислил: Не гледам никој познат, знам каде треба да бидам, па таму и ќе одам“.
Патот по кој одел Каин е непознат за многумина во Мидсброу, ниту семејството на Каин не оди толку често по тој пат.
Најчесто по тој пат таткото на Каин вози велосипед и за синот резервира посебно место. Па затоа возењето со татко му го научило да го најде патот до дома.

Мајката на Каин рекла дека е горда на својот син што успеал во тоа, а момчето дури на патот до дома свратило во продавницата во која неговата мајка купува млеко, да провери дали таа е случајно таму.
Таа ноќ кога се случило сето ова, Гема не можела да заспие додека цела ноќ го гушкала синот. Само мислела на тоа што се можело да му се случи на момчето.
Персоналот во градинката им се извинил на родителите на каин, но Гема знае дека вината е нивна, градинката би требало да биде обезбедена.
Вработените тврдат дека цело време се обидуваат нивната установа да работи според важечките правила.
Додека неговите другари се играле, Каин ја напуштил градинката. Тој ден Каин бил преместен од една во друга градинка, бидејќи трошоците биле многу

Пронајдете не на следниве мрежи: