Чудо: Починала на породувањето па повторно оживеала!

Добро е познато дека раѓањето на децата е чудо, но понекогаш се претвора и во феномен. Рејчел Морис од Челтенхам во Англија пред 11 месеци починала на породувањето, ја победила смртта и родила здраво дете. Во 20-тата недела од бременоста лекарите утврдиле дека Рејчел Морис боледува од плацента во положба која предизвикува компликации при породувањето. Констатирано е дека бебето единствено може да се роди со царски рез.
Поради обилните крварења породувањето е направено осум недели пред закажаниот термин и било далеку потешко од очекуваното.  Плацентата ја опфатила главната артерија и било неопходно тргање на материцата.

Рејчел, мајка на четири деца, во текот на породувањето доживеала клиничка смрт, Застојот на срцето траело две ипол минути. Лекарите ја реанимирале и ја приклучиле на апаратите.
Го предупредиле нејзиното семејство да се подготви на најлошото, но Рејчел не се откажала. Родила здраво момче по име Дејвис и успеала да се врати во живот.
Овој здравствен проблем карактеризира ниска положба на „постелата“, нејзиното одлојување од материцата и обилно крварење. Жените после 35 години стануваат подложни на оваа состојба, а пушењето и царскиот рез дополнително го зголемуваат ризикот. Во 20-тата недела од бременоста лекарите утврдиле дека Рејчел Морис боледува од плацента во положба која предизвикува компликации при породувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи: