Во црквата „Св. Ѓорѓија“ во Сингелиќ не можат да се изначудат како се нашол најлон од 40 метри врз малиот крст стар над 100 години и успеал да го спаси да не го однесе поплавата на 6 август. Божје чудо, вели отец Драган Димишков за МИА.Овој крст му е посветен на свети Ѓорѓија. На оваа место бил поставен некаде по 1912 година. Вечерта кога се случи невремето, не знам од каде и како, крстот беше покриен со најлон долг 40 метри. Претпоствувам дека од некаде дошол и го покрил крстот, со тоа го спасил да не го однесе водената стихија. И површината пред крстот беше чиста, воопшто недопрена. Во негова близина затекнавме и едно возило кое го пресконало ѕидот и паднало на покрив. Крстот имал среќа возилото да не падне врз него. Крстот е спасен. Самиот Господ Бог си ги чува своите работи, вели отец Драган, кој сѐ уште не може да се изначуди како се спасил малиот трошен крст.
Освен крстот неоштетен е и ѕидот со фрески и икони иако во црквата и во помошниот објект имало кал околу пола метар. За среќа, калта не стигнала до ѕидот украсен со фрески и икони.
Црквата во Сингелиќ почнала да се гради во 1972 година на темелите на стара црква која била урната за време на Балканските војни. Бидејќи е честа мета на крадци, а нема чувари, секоја вечер наизменично ја чува еден од двајцата свештеници, отец Драган и отец Даниел. За голема среќа, кобната ноќ немало ниту еден од свештениците во неа.
-Таа вечер го повикав да дојде на кафе. И вечерта бевме на една прослава во Автокомнда. Ноќта соседите ни јавија дека храмот е поплавен. Некаде околу 3 часот по полноќ дојдовме овде. И што да видиме. Црквата беше во катастрофална, катаклизмична состојба, вели тажно отецот Драган и додава дека ден по поплавата, старешината на црквата и служителката ја чистеле црквата од кал, а тој пребарувал низ дворот умрени луѓе и животни.
-Пред црковната порта најдов една жрвта, една жена во автомобил. Таа е донесена два и пол километри, од Камник, раскажува отецот. Тој во дворот нашол многу угинати кози, овци, мачки, кучиња кои ги извлекол до каналот.
Тој е задоволен тоа што полека работите се враќаат во нормала. Вели може да се продолжи со литургискиот живот. Најмногу им е благодарен на Армијата, на Единицата за врски и на „Леопардите“.Овој крст му е посветен на свети Ѓорѓија. На оваа место бил поставен некаде по 1912 година. Вечерта кога се случи невремето, не знам од каде и како