Чудо во Црна Гора: Родила во седмата деценија од животот!

Милева Радуловиќ од  Даниловград, по 36 години брак и голема упорност, со вештачко оплодување го родила синот Сава. Кон крајот на февруари 2007 година на вртата на кабиентот на познат гинеколог  во подгоричката болница, затропала средовечна жена, една од оние за кои не се знае дали се поблиску до 50-та или 60-та година, или можеби веќе зачекориле во седмата деценија од животот.Дошла да види кога би можело да се направи една  ултразвучна контрола на бременост.
„Дали се работи за ќерката или снаата, можеби внука“, прашал докторот.
„Не, за мене е“, скоро срамежливо кажала жената, а збунетиот доктор во неверување  веднаш извршил преглед.
Во последниот јулски ден 2007, точно во 8 часот и 35 минути на свет дошло момче тешко 2.600 килограми, а низ светот се раширила веста дека Милева- Мика Радуловиќ по 36 години брак, родила син, односно дека огништето на 62- годишниот  Сретен Радуловиќ сепак нема да угасне.

Сава сега е второ одделение на училиште. Одличен ученик  во секој поглед и голем миленик на учителката Вера Љумовиќ.
„Би сакала да им порачам нешто на сите жени кои се нашле во слични проблеми или би можеле да дојдат во ситуацијата во која се најдов јас. Важно е никогаш да не се предадете, да не ја изгубите  надежта. Кој вреува во чудо, чудото му се случува, а современата наука и медицината отиде толку далеку што многу работи се возможни“, вели оваа упорна жена, можеби и во светски размери медицински феномен, која за се што доживеала зборува без никаква еуфорија, како тоа што ѝ се случило нејзе  се случува секој ден.Дошла да види кога би можело да се направи една  ултразвучна контрола на бременост.
„Дали се работи за ќерката или снаата, можеб

Пронајдете не на следниве мрежи: