Чудото со преслекување на одеждите на св. Јован Руски

Светите мошти на праведниот Јован Руски биле пренесени во Неа Прокопи, Евија во октомври 1924 година од страна на грчките бегалци од Прокопи, Мала Азија.Во 1930 година започнала да се гради велелепна црква посветена токму на неговиот спомен, и била завршена во 1951 г. Тогаш светиот бил пренесен во неговата нова црква, каде што почива и денес. Црквата на св. Јован е еден од попосетените поклонички центри во Грција.
Верници од целиот свет [и од Македонија, н.з.] притекнуваат да се поклонат пред неговите мошти, повикувајќи ја неговата помош и благодарејќи му за многуте чуда што се случиле преку неговото застапништво. Преслекување на одеждите Свети Јован Руски самиот објавува кога сака да му се преслечат одеждите. А тогаш се отвора неговиот свет кивот, кој инаку не може да биде отворен.
Како се случува ова објавување? Светиот пристапува до некоја добра душа на сон (од различни делови од светот, без разлика дали се работи за Њујорк, Австралија или Солун), и ја повикува да дојдат до него и да го поздрават, им кажува дека тој е Јован од Русија, замолувајќи ги да појдат во неговата црква и да му кажат на свештеникот дека дошло време неговата туника да биде преслечена.
Ова се има случено во 1937г., 1955г. и 1977г. кога ваквата порака дојде до мене. Во 2005г. светителот уште еднаш побара неговите одејанија да бидат преслечени, за прв пат после 28 години. Во неговата црква служам 43 години како свештеник и 3 години претходно, како лаик. За овие 46 години сум видел илјадници и милиони верници како доаѓаат да се поклонат пред свети Јован.
Што би можел да посведочам? Што сум видел? Освен тоа што светителот самиот нè известува! Еднаш му рекол на едно девојче: „Дојди и види ја мојата перница која е полна со солзи. Плачам за младината. Особено се молам на Бога за вас, младите, да ви помогне.“ Во 1977 г. го отворивме кивотот и видовме дека перницата е чиста, но покрај неговите очи беше мокра, имаше голема дамка од солзи.
Сите ние, и владиката и свештенството, имаме видено како главата на светиот се мрда. Потресно е! Она што Самиот Бог го осветил, е облагодатено и прославено преку дарувањето на дарот на нетрулежност до Неговото Второ доаѓање.
Протопрезвитер Димитриј Атанасиу
Извор: https://agapi.mk/chudoto-so-preslekuvane-na-odezhdite-na-sv-jovan-ruski/#Во 1930 година започнала да се гради велелепна црква посветена токму на неговиот спомен, и била завршена во 1951 г. Тогаш светиот бил пренесен во н

Пронајдете не на следниве мрежи: