Р. Р. е осуден на четири години и месец дена затвор, бидејќи сопругата им ја нудел на други мажи за 1.000 динари, а подоцна ја принудувал на секс со повеќе муштерии истовремено, од што жртвата се здобила со тешки телесни повреди.Имено, во периодот од август до октомври минатата година, Р. Р. ја злоупотребил довербата на својата сопруга и ја донесол во Белград, во наводна потрага по работа. Меѓутоа, почнал да ја малтретира, тепа и да и` се заканува. Сето тоа завршило со секојдневно присилување да се занимава со проституција.
Секој ден ја носел да стои во паркот кај Економскиот факултет, или на тротоар кај Автобуската станица и на мажите кои би и` приоѓале, им ја нудел за 1.000 динари.
Со клиентите таа би одела во нивните автомобили или во подрумите во околните згради, а добиените пари му ги предавала на својот сопруг. Освен тоа, тој им ја нудел својата сопруга на жителите од една локална населба во Белград, а наместо пари често земал мобилни телефони и разна роба.
Сите пари ги задржувал за себе, а на неа повремено би и купувал гардероба.
Подоцна, тој ја одвел несреќната жена кај Д. Ѓ. кој му ветил дека ќе пронајде клиенти кои за неа би плаќале и до 9.000 динари, а кој потоа ја затворил во изнајмена барака, каде што секојдневно им пружала услуги на нови клиенти.Имено, во периодот од август до октомври минатата година, Р. Р. ја злоупотребил довербата на својата сопруга и ја донесол во Белград, во наводна по