Оваа џиновска риба е извлечена од океанот во близина на местото каде пред четири ипол години се случи инцидент во нуклеарната електрана Фукушима, Јапонија.Јапонскиот рибар Хирасака Хироши, објавил на Твитер фотографија од себе со оваа риба „наведувајќи дека станува збор за риба-волк“.
Тој вид риба живее во Пацификот и Атлантикот, но на големи длабочини и ретко може да се види близу површината.
Меѓутоа, уловената риба била двојно подолга од обичното.
Хироши ја уловил близу Хокаидо, во близина на руските територијални води.
Да потсетиме, на 11.03.2011 година, по разорното цунами беа оштетени реакторите на НЕ Фукушима, од кои два експлодирале поради притисок. Се пишуваше и дека радиоактивната вода не истекла во водите на Тихиот Океан.Јапонскиот рибар Хирасака Хироши, објавил на Твитер фотографија од себе со оваа риба „наведувајќи дека станува збор за риба-волк“.