– Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на бројот 195 да се пријавуваат само потреби од проценка на безбедност на објектот, а не за проценка на штета за обесштетување, по серијата земјотреси во изминатите два дена во Скопје и околината.– Бројот 195 е во функција на граѓаните за да се пријават потреба од проценка на безбедност на објектот, негова функционалност, како и дали е безбеден за престој, соопшти денеска ЦУК.
Апелира до граѓаните кои не можат да добијат слободна линија на бесплатниот телефонски број за итни повици 195 да испратат податоци (име, презиме, телефонски број за контакт, точна адреса и краток опис на штетата предизвикана од земјотресот) на [email protected]. и [email protected].
Од ЦУК истакнуваат дека екипи од Институтот за инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) заедно со претставници од скопските општини, денеска и во наредните денови ќе направат увид во станбените згради и во останатите објекти за домување каде што се пријавени оштетувања за проценка на безбедност на објектот.
На бесплатната телефонска линија 195 од завчера се регистрирани 500 јавувања за пријава на штети на објекти во серијата земјотреси. Пријавите во најголем дел се однесуваат на разурнати фасади, оштетени кровови, скршени прозорци, паднати плафони, оштетени возила….
Надлежните институции посочуваат и на Упатството за самозаштита на граѓаните од земјотреси што може да се преземе на следниот линк: https://www.dzs.gov.mk/extra/doc/Upatstvo_-_zemjotresi.pdf .
Скопје и околината во изминатите два дена беа погодени од серија земјотреси од кои најсилниот беше регистриран во неделата во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер. Последните два последни последователни земјотреса се регистрирани синоќа во 19:53 часот, со магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала.
Потресите предизвикаа вознемиреност кај населението, а лекарска помош по земјотресите досега побарале повеќе од 100 лица.– Бројот 195 е во функција на граѓаните за да се пријават потреба од проценка на безбедност на објектот, негова функционалност, како и дали е