Пратеникот Драган Цуклев на колегите пратеници од СДСМ им порача да престанат со нивните обиди за манипулирање и лажење дека Тиранската платформа не постоела.-Не ги лажете македонските граѓани дека платформата не постои. Таа постои и вие колеги од СДСМ ја прифативте, рече Цуклев.
Цуклев додаде дека токму нивните албански колеги јасно кажаа дека платформата постои и дека таа е единствената причина за давањето на потписите на албанските партии.
Пратеникот, апелираше до колегите од СДСМ да престанат да ја лажат македонската јасност за некакво кршење на Деловникот за работа на Собранието бидејќи и самите знаат дека не може да се прејде на избор на претседател додека трае расправата за третата точка од дневниот ред.
-Ќе се дебатира додека не ја отфрлите Тиранската платформа. Не се работи за обична работа, туку се работи за опасност од редефинирање на Република Македонија, додаде Цуклев.-Не ги лажете македонските граѓани дека платформата не постои. Таа постои и вие колеги од СДСМ ја прифативте, рече Цуклев.
Цуклев додаде де