Чувале во перница милион динари од СФРЈ, денес не вредат ништо

Тој и неговата сопруга не само што го шокирале семејството, туку и целиот крај, давајќи им на своите деца 1,2 милиони југословенски динари (некогашна вредност од 93 илјади германски марки)Стјепан Ивичинец (90) од Туропоље, Хрватска, сакал да го израдува семејството, затоа што сите останале без пари.
Парите ги чувале за “црни денови“ сошиени во перница, но не знале дека тие пари денеска немаат никаква вредност.

 Слушајќи ги снаата и синот како разговараат за тешките денови, затоа што двјацата немале земено плата подолго време, стариот решил дека е време да ја отпара перницата, затоа што ги штедел токму за тие “црни денови“. Во неа имало што да се види, стокмени, подредени стотки, петстотки и илјадарки со слики и ознаки од некогашната држава.
Гледајќи ги збунетите лица на синот и снаата, старците мислеле дека парите не им се доволни и ваделе уште динари од други перници и душеци каде што штеделе со децении.
“Тогаш имаше пари и можеше да се штеди. Еве сега можат да ви се најдат“, им објаснил стариот на семејството, кои со неверување гледале во парите.
Двајцата старци воопшто не биле свесни дека денеска нивното богатство нема никаква вредност.Стјепан Ивичинец (90) од Туропоље, Хрватска, сакал да го израдува семејството, затоа што сите останале без пари.
Парите ги чув

Пронајдете не на следниве мрежи: